Циновиц
Циновиц (германски: Zinnowitz) — општина и бањски град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Узедом на северниот германски брег на Балтичкото Море. Општината има железнички врски до Волгаст и Албек. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Узедом-Север.
Циновиц | |
Протестантска црква во Циновиц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месна заед. | Узедом-Север |
Градоначалник | Карстен Михалк |
Основни податоци | |
Површина | 9,04 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 4.194 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 464 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OVP |
Пошт. бр. | 17454 |
Повик. бр. | 038377 |
Портал | www.zinnowitz.de |
Местоположба на Циновиц во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 54°04′35″N 13°54′41″E / 54.07639°N 13.91139°E |
Историја
уредиЦиновиц е првпат споменат како Цис (Tzys) во 1309 во декрет од војводата Богуслав IV до манастирот Крумин. Кога манастирот бил распуштен во 1563, Цис се вратил во посед на војводите. На крајот на Триесетгодишната војна во 1648, Узедом со Померанија, припаднал на Шведска, што го променило неговото име од старата словенска форма од Цис, изговарано како Циц (Zitz). Во средината наXVIII век, Циц припаднал на Кралството Прусија. Во 1751 како дел од реорганизација на кралството, Циновиц бил преименуван. Кога пруската држава паднала во финансиски проблеми поради Наполеоновите војни, го продала Циновиц на стопанственик, кој за возврат им дал 32 парцели на група доселеници. Следен голем чекор за Циновиц бил на 16 јуни 1851: Циновиц бил признат како официјално бањско претпријатие.[2]
Јозеф Алоиз Кеслер, последниот бискуп на Германците од Волга, се пензионирал и умрел во Циновиц.
За време на Источна Германија, Циновиц бил најважно бањско одморалиште за германскиот синдикален туризам.
Циновиц е едно од десетиците можни места за митолошкиот потопен средновековен град Винета. Легендата се изведува во текот на летото на отворена сцена во одморалиштето.
Во шумата помеѓу Циновиц и Цемпин постојат остатоци на рампите за лансирање на тест-ракетите Фау-1. Тие биле користени помеѓу 1943 и 1945 како дел од блиските објекти за тестирање на ракети во Пенеминде.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ Meyers Reisebuch Deutsche Ostseeküste, II. Teil: Rügen und die pommersche Küste mit ihrem Hinterland, 2. Auflage, Bibliographisches Institut, Leipzig 1924, S. 62.
- ↑ Документација за рампите за лансирање
Надворешни врски
уреди- Циновиц на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |