Цивилно воздухопловство

Цивилно воздухопловство — една од двете главни категории на летање, што го претставува целото невоено и недржавно воздухопловство, и лично и комерцијално. Повеќето земји во светот се членки на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и работат заедно на воспоставување заеднички стандарди и препорачани практики за цивилното воздухопловство преку таа агенција.

Редовниот авиосообраќај во 2009 година

Цивилното воздухопловство вклучува три главни категории:

Иако редовниот воздушен превоз е поголем по обем во однос на бројот на патници, општото воздухопловство е поголемо по бројот на летови (и часови на летање, во САД[2]). Во САД, ОВ превезува 166 милиони патници секоја година,[3] повеќе од која било поединечна авиокомпанија, иако помалку од сите авиокомпании заедно. Од 2004 година, американските авиокомпании заедно превезувале над 600 милиони патници годишно, а во 2014 година тие превезле вкупно 662.819.232 патници.[4]

Боинг 747-400 на Бритиш ервејс полетува од аеродромот Хитроу во Лондон. Пример за комерцијално воздухопловство.

Целиот редовен воздушен превоз е комерцијален, а општото воздухопловство може да биде комерцијално или приватно. Вообичаено, пилотот, авионот и операторот мора да бидат овластени да вршат комерцијални операции преку посебни комерцијални лиценци, регистрација и оперативни сертификати.

Нецивилното воздухопловство се нарекува државно воздухопловство. Во него спаѓа военото воздухопловство, државни ВИП превози и полициски/царински воздухоплови.[5]

Историја

уреди

Повоено воздухопловство

уреди

По Втората светска војна, комерцијалото воздухопловство брзо растело, користејќи претежно поранешни воени пилоти за управување на воздухопловите за превоз на луѓе и товар. Фабриките кои произведувле бомбардери брзо биле приспособени за производство на патнички авиони. Овој раст бил забрзан со воспоставувањето на воени аеродроми ширум светот, било за борбена употреба или за обука. Тие лесно може да се приспособат за користење од цивилното воздухопловство. Првиот комерцијален млазен патнички авион бил британскиот „де Хавиленд ДХ.106 Комет“. До 1952 година, британската државна авиокомпанија „Бритиш оверсиз ервејз корпорејшен“ (British Overseas Airways Corporation) го вовел овој млазен авион во редовните летови. Иако тоа било техничко достигнување, авионот имал низа дефекти заради обликот на прозорците што довело до пукнатини поради замор на материјалот. До моментот кога проблемите биле надминати, други млазни авиони како Боинг 707 веќе биле пуштени во употреба.

Статистика

уреди

Светската банка наведува еднолично растечки бројки за бројот на превезени патници годишно во светот со прелиминарно највисоко ниво на сите времиња во 2015 година од 3,44 милијарди патници.[6] Исто така, бројот на регистрирани полетувања на превозници ширум светот достигнал врв во 2015 година со речиси 33 милиони полетувања.[7] Само во САД, патничките милји „пресметани со сумирање на производите на авионските милји поминати на секој меѓуаеродромски сегмент помножени со бројот на превезени патници на тој сегмент“ достигнале 978.114 милиони километри во 2014 година (во споредба со автопатскиот автомобилски сообраќај со 7.035.579 милиони км).[8] Бројот на патници е изразито попроменлив од општите економски показатели. Глобалните политички, економски или здравствени кризи имаат засилувачки ефект.[9]

Наводи

уреди
  1. „1. Definitions“ (PDF). Annex 6, Operation of Aircraft Part I, International Commercial Air Transport – Aeroplanes (9. изд.). International Civil Aviation Organization (ICAO). July 2010. стр. 1, 3 and 5. ISBN 9789292315368. Посетено на 17 March 2019.
  2. „NTSB - Aviation Accident Statistics“. Архивирано од изворникот на 2009-09-01. Посетено на 2009-08-16.
  3. „Advantages of General Aviation vs. Airline, Faster, Better, Cheaper, More Secure“. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2008-09-03.
  4. United States Department of Transportation. "Bureau of Transportation Statistics Архивирано на {{{2}}}.". Retrieved 24 July 2015
  5. iaopa.org, "What is GA?" Архивирано на 20 декември 2016 г.. Retrieved 10 October 2021
  6. „Air transport, passengers carried - International Civil Aviation Organization, Civil Aviation Statistics of the World and ICAO staff estimates“. Архивирано од изворникот на 2017-02-04.
  7. „Air transport, registered carrier departures worldwide- International Civil Aviation Organization, Civil Aviation Statistics of the World and ICAO staff estimates“. Архивирано од изворникот на 2017-02-04.
  8. „U.S. Passenger-Miles“. Bureau of Transportation Statistics. Архивирано од изворникот на 2017-02-04.
  9. Tomás Serebrisky. „Airport Economics in Latin America and the Caribbean“. The World Bank. Архивирано од изворникот на 2022-01-30. Посетено на 2022-01-30.

Надворешни врски

уреди