Цветан Настески
Цветан Велков Настески ( 1924 во Вранештица, Кичевско — 1944 во Струга) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Цветан Настески | ||
Роден | 1924 година Вранештица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Струга, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБидејќи немал можност да се школува, останал во селото да се занимава со земјоделство и грнчарство. Во редовите на народно-ослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за конечното ослободување на Македонија. Загинал во борбите за ослободувањето на Струга во ноември 1944 година.[1]