Холандски во 7 лекции
Холандски во седум лекции, во оригинал Nederlands in 7 lessen е филм продуциран во Холандија во 1948. Филмот е значаен по тоа што е првиот филм во кој се појавува Одри Хепберн во една мала улога на стјуардеса. Иако во нејзината филмографија, тој е запишан како краток филм, „Internet Movie Database“ (Филмската база на податоци на Интернет) тврди дека тој има времетрање од 79 минути. Всушност, скратен е на 39 минути само за англиското издание[1] .
„Холандски во седум лекции“ | |
---|---|
Одри Хепберн во сцена од филмот | |
Режисер | Чарлс Хугенот ван дер Линден Хајнц Јозефсон |
Сценарист | Чарлс Хугенот ван дер Линден Хајнц Јозефсон |
Премиера | 1948 |
Времетраење | 79 минути |
Земја | Холандија |
Јазик | Холандски, Англиски |