Хамбург-Мите
Хамбург-Мите (буквално: Хамбург-Центар) се наоѓа во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Германија е еден од седумте окрузи на Хамбург, покривајќи го поголемиот дел од урбаниот центар на градот Хамбург. Квартовите Хамбург-Алтштат (буквално: Хамбург-Стар град) и Нојштат (буквално: Нов град) се историските јадра на Хамбург.
Хамбург-Мите | |
Округ во Хамбург | |
Hamburg center Binnenhafen | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Округ единици | 22 квартови |
Основни податоци | |
Површина | 107 км2 |
Население | 233.144 (31 декември 2006) |
- Густина | 2.179 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Хамбург-Мите во рамките на Хамбург | |
Координати | 53°33′1″N 9°59′39″E / 53.55028° СГШ; 9.99417° ИГД |
Историја
уредиВо 1937 неколку населби (н.п. Финкенвердер), села и рурални области се припоиле кон Хамбург, по влегувањето во сила на Законот за голем Хамбург.
На 1 март 2008, поради законот во Хамбург,[1], квартот Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург. Соседството Хафен Сити било создадено од делови на квартовите Клостертор, Алтштат и Ротенбургсорт. Другиот дел на Клостертор бил припоен кон Хамерброк. Од мали делови на округот Хамбург-Мите (и Алтона и Ајмсбител) соседството Штерншанце било создадено како кварт во округот Алтона.
Географија
уредиОкругот го прекинува Хамбург од исток кон запад. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Хамбург-Мите имал вкупна површина од 107,1 км2.
Се состои од квартовите Билброк, Билштет, Боргфелде, Финкенвердер, Хафен Сити, Хамбург-Алтштат, Хам-Норд, Хам-Мите, Хам-Зид, Хамерброк, Хорн, Клајнер Грасброк, Нојштат, Нојверк, Ротенбургсорт, Занкт Георг, Занкт Паули, Штајнвердер, Федел, Валтерсхоф и Вилхелмсбург.
Демографија
уредиВо 2006, во округот живееле 233.144 луѓе. Густината на населеност била 2.177 жители на км2. 14,9% биле деца под 18 години, а 15,6% имале 65 или повеќе години. 43% биле со имигрантско потекло[2]. 17.550 лица биле регистрирани како невработени.[3]
Во 1999, имало 126.753 домаќинства од кои 17,9% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 52,4% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,83.[4]
Население по години[3]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
232.467 | 235.759 | 242.434 | 249.156 | 250.585 | 252.695 | 251.965 | 248.802 | 246.374 | 242.029 | 237.648 | 230.542 | 228.349 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 |
228.060 | 227.199 | 227.915 | 228.117 | 227.557 | 230.680 | 233.114 |
Во 2006, имало 71.559 кривични дела во округот (307 дела на 1000 жители).[5]
Окружен парламент
уредиСимултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), се избира и Bezirksversammlung како тело на претставници на граѓаните. Се состои од 53 претставници.
Избори
уредиИзборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Четири партии, кои имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за избори) се социјалдемократската SPD, конзервативната CDU, еколошката Зелена партија (GAL) и левата Die Linke. Либералната FDP имала 2 директно избрани претставници.[6]
Партија | Проценти | Места |
---|---|---|
SPD | 37,2 | 17 |
CDU | 31,6 | 21 |
GAL | 13,2 | 7 |
Die Linke | 10,2 | 6 |
FDP | 4,2 | 2 |
Образование
уредиОкругот има 31 основно училиште и 31 средно училите.[7]
Култура
уредиРекреација
уредиPlanten un Blomen (Растенија и цвеќиња) е парк, кој се наоѓа во квартовите Занкт Паули и Нојштат. Во квартот Билштет се наоѓа Ејендорфското Езеро.
Економија
уредиОбјектите на пристаништето Хамбург главно се наоѓаат во квартовите Клајнер Грасброк, Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург.
Инфраструктура
уредиГлавната локална канцеларија (Bezirksamt Hamburg-Mitte) се наоѓа на улицата Клостервал и има уште други 4 локални бироа, наречени Customer Centre Hamburg-Mitte, Customer Centre Billstedt, Customer Centre St. Pauli и Customer Centre Wilhelmsburg. Бироата се одговорни меѓудругото за пријавување на жителите поради студирање или работа по влегувањето во државата.
Здравствен систем
уредиИма 125 дневни центри за деца и 536 лекари во приватни ординации и 72 аптеки.[7] Asklepios Klinik St. Georg, која се наоѓа во квартот Занкт Георг, е главната болница во Хамбург-Мите.
Сообраќај
уредиОкругот е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница со неколку станици. Централната станица Hamburg Hauptbahnhof е исто така железничка станица за возови на подолги одредишта на германската железничка компанија.
Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Мите биле регистрирани 66.381 приватно возила (290 возила на 1000 жители).[7] Имало вкупно 2.432 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.905 со жртви.[8]
Наводи
уреди- ↑ Закон за територијална организација
- ↑ „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-21. Посетено на 2011-12-11.
- ↑ 3,0 3,1 Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Конечни изборни резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
- ↑ Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
уреди„Хамбург-Мите“ на Ризницата ? |
- Службена страница на Хамбург-Мите (германски)
- Службена страница на Хамбург
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Закон за територијална организација, 6 јули 2006 Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG) (германски)