Хадли Фарм
Хадли Фарм е место наменето за натпреварите во планински велосипедизам на Летните олимписки игри, како и на Параолимписките игри 2012 и се наоѓа во Хадли, во Есекс.
Место
уредиХадли Фарм е поседувана од христијанската организација „Армија на спасувањето“ и работи како образовно-работна фарма. Вклучува центар за ретки раси и соба за час за посетителите. Фармата од 2,8 км² била купена во 1891 од Вилијам Бут, како дел од планот за спасување на сиромашните од нечистотијата на Лондон.
Хадли Фарм гледа кон делтата на реката Темза на југ и го опкружува замокот Хадли, изграден во 1230-тите, во текот на владеењето на кралот Хенри Трети и бил еден од најважните средновековни замоци во Есекс, сега заштитен како англиско богатство од прв степен. Дел од патеката за планинскиот велосипедизам поминува ни блискиот државен парк Хадли, во сопственост и управуван од окружниот совет на Есекс и место од специјален научен интерес со посебно внимание кон безрбетниците.[1]
Олимпијарда 2012
уредиХадли Фарм било потврдено како место за натпреварувањата во планински велосипедизам во 2008 на Летните олимписки игри 2012.[2][3] Првичното предложено место во државниот парк Вилд било одбиено поради недоволни предизвици од меѓународниот велосипедистички сојуз, додека со Хадли се израдува.[4]
Во текот на Олимписките игри ќе бидат подигнати трибини за 3.000 лица.[5]
Сообраќај
уредиПлановите за подобрување на пристапот до местото за Олимпијадата вклучувале проширување на патиштата во Хадли.[6] Местото е околу пет километри оддалечено од аеродромот Лондон Саутленд.
Олимписко наследство
уредиСè уште не е познато какво наследство ќе остане за планинскиот велосипедизам по настанот.[7] Хадли Фарм е вклучено во плановите за обнова на Есекс.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Официјална страница на државниот парк Хадли“. Посетено на 2009-07-19.
- ↑ Место во Есекс домаќин на велосипедизмот во 2012 BBC Sport; 11-08-08; 03-12-08
- ↑ London2012.com profile. - 29 септември 2010.
- ↑ Новото место за планински велосипедизам во Есекс е потврдено за Игрите во 2012 Архивирано на 13 декември 2018 г. Кол, Метју; bikeradar.com; 11-08-08; 03-12-08
- ↑ [1]
- ↑ „"Go ahead given for highways works to deliver London 2012 Olympic Mountain bike event"“. Архивирано од изворникот на 2012-08-01. Посетено на 2012-07-25.
- ↑ Хадли Фарм London2012.com; 03-12-08
- ↑ „Наследство на Есекс“. Архивирано од изворникот на 2011-04-10. Посетено на 2012-07-25.