Фолегандрос
Фолегадрос (грчки: 'Φολέγανδρος') е мал грчки остров во јужниот Егеј, кој заедно со Сикинос, Иос, Анафи и Санторини, го сочинуваат јужниот дел на Кикладите. Неговата површина е околу 32 км2, и има 667 жители.
Фолегандрос Φολέγανδρος | |
---|---|
Гребени кај Хора на Фолегандрос | |
Географија | |
Координати: | 36°37′N 24°54′E / 36.617°N 24.900°E |
Островски ланец: | Киклади |
Површина:[1] | 32.216 км² |
Управување | |
Грција | |
Периферија: | Јужен Егеј |
Префектура: | Киклади |
Статистики | |
Население: | 667 (од 2001) |
Густина: | 21 жит/км² |
Пошт. бр.: | 840 xx |
Повик. бр.: | 22860 |
Код на регистарски таблички: | EM |
Портал | |
www.folegandros.gr |
Има три мали села, Хора, Каравостаси, и Ано Мерја, кои се поврзани со поплочен пат.
Историја
уредиМалку е познато за древната историја на Фолегандрос. Неговите жители биле Дорци. Подоцна потпаднал под атинска власт. Бил освоен во 1207 од страна на Венецијанецот Марко Санудо и останал под венециска власт до 1566, кога бил освоен од страна на Отоманските Турци. Грците го присвоиле во 19 век.
Географија
уредиРелјефот на Фолегандрос е разновиден и вклучува високи гребени и една голема пештера. „Главниот град“ на островот - Хора, е изграден на работ на еден 200-метарски гребен. Пристаништето на Фолегандрос се наоѓа во малото гратче Каравостаси. Во селото Ано Мерја пак, се наоѓаат два мали но интересни музеи - еколошки музеј и фолклорен музеј. Една од најпознатите плажи на Фолегандрос е плажата Катерго, пристаплива само со брод од пристаништет Каравостаси.
Рајско одморалиште
уредиФолегандрос е еден од многуте изолирани грчки острови кој нуди недопрена природа. Со неговите бистри и сини океански води бил прогласен за една од најдобрите 10 плажи на светот од страна на the Travel Channel.
Извори
уреди- ↑ „Основни одлики“. МВР. www.ypes.gr. Посетено на 8 јули 2007.
Надворешни врски
уреди- Општина Фолегандрос (англиски) (француски) (грчки) (италијански)
Галерија на слики
уреди-
Во замокот во Хора
-
Поглед на Хора од црквата на Богородица
-
Зајдисонце на Фолегандрос, поглед од црквата на Богородица
-
Црквата на Богородица