Фернандо Песоа
Фернандо Песоа (португалски: Fernando António Nogueira Pessoa) (13 јуни 1888 - 30 ноември 1935) - португалски писател, филозоф и книжевен критичар.
Животопис
уредиПесоа имал големи познавања во областа на окултизмот, спиритизмот и астрологијата.[1]
Творештво
уредиПесоа се смета за еден од најголемите поети кои твореле на португалски јазик. Исто така, тој пишувал и кратки раскази, драми, детективски романи, а се занимавал и со политичка и книжевни критика. Тој бил водечки лик на авангардното книжевно списание „Орфеј“, а неговите дела се сметаат за почеток на португалскиот книжевен модернизам. За Песоа е карактеристично тоа што во текот на кариерата користел различни книжевни имиња (хетероними), како: Алберто Каиру, Рикардо Реиш, Алваро де Кампуш итн. За негово ремек-дело се смета „Книга на немирот“ од 1928 година.[1]