ФИРОМ реквием
„ФИРОМ реквием - 2013“ — музички албум на Александар Пејовски од 2014 година.
Информации за албумот
уредиПоднасловот на албумот гласи: „омаж на пионерите на музичкиот минимализам од седимдесеттите години на дваесеттиот век“, а албумот претставува снимен запис од концертот одржан на 20 април 2013 година во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје. Албумот е објавен како заедничко издание на ЈУ Младински културен центар - Скопје и „PMG Recordings“.[1]
Содржина
уредиАлбумот содржи четири композиции:[2]
- „Одбројување“
- „Транс ФИРОМ Експрес - Гласверк“
- „Ерга ОМнес“
- „Миса Бревис“ (во сеќавање на Хенрик Миколај Горецки)
- * „Кирие“
- * „Глорија“
- * „Кристе“
- * „Амен“
- * „Агнус Деи“