Угрчин
Угрчин (бугарски: Угърчин) — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Угрчин во Ловечката Oбласт. Има население од околу 2.663 жители (2022).[1]
Угрчин Угърчин | |
---|---|
град | |
Поглед од плоштадот во Угрчин | |
Местоположба на Угрчин во Бугарија | |
Координати: 43°05′48″N 24°25′11″E / 43.096688°N 24.419676°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Ловеч |
Општина | Угрчин |
Управа | |
• Градоначалник | Мадлена Бојаџиева-Ничева (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 134,806 км2 (52,049 ми2) |
Надм. вис. | 297 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2,663 |
• Густина | 20/км2 (51/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 5580 |
Повик. бр. | +359 06931 |
Мреж. место | ugarchin.bg |
Географија и местоположба
уредиГратчето се наоѓа во котлина, опкружена со ниски ридови на Предбалканот покрај реката Каменица и нејзините бројни мали притоки. Се наоѓа на 33 километри западно од регионалниот центар Ловеч и 28 километри источно од Луковит.
Историја
уредиНа многу места во регионот на Угрчин има траги од животот на Тракијците од римската ера. Во 7 век овој регион бил населен од Словените. По нивното населување, тие нашле постаро, романизирано или елинизирано тракиско население, од кое усвоиле многу имиња на локалитети како Лепетура, Гроздава, Морун, Ефорел итн. За прв пат името Угрчин се споменува во османлиски документ од 1485 година.[2] Селото добило градски статус во 1968 година.
Економија
уредиГлавните економски сектори што ја одредуваат егзистенцијата на Угрчин се земјоделство, сточарството, сечата и преработката на дрво.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Румен Ковачев от Народната библиотека „Св. св. Кирил и Методий“ дава своя принос за най-ранното датиране на Угърчин. През 1997 г. специалистът – арабист издава книгата си „Опис на Никополския санджак от 80-те години на ХV век“, в която превежда и коментира новооткрит турскси опис от 1485 г.