Тришо Стојановски
Тришо Стојановски (Рајчица, Дебарско, 22 март 1938 - Скопје, 1 октомври 1986) — македонски писател и новинар[1].
Животопис
уредиРоден е на 22 март 1938 година во дебарското село Рајчица. Основно училиште завршува во Дебар, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителската школа работи 2 години како учител во Дебар, а потоа студира на Филозофскиот факултет на југословенска книжевност. За време на студиите е уредник на културната рубрика на весникот Студентски Збор. Работел и во радио Скопје. Починал на 1 октомври 1986 година во Скопје. Бил член на Друштвото на Писателите на Македонија од 1972 година.
Дела
уредиСтојановски е автор на поезиите:
- Меѓу две реки - 1968 година
- Сочувана земја - 1972 година
- Немолклива земја - 1976 година
- Рајска земја - 1986 година
И соавтор на антологискиот избор:
- Огнови и време - 1971 година