Трајан Белев-Гоце
Трајан Белев - Гоце (4 јануари 1902 во Ѓавато ― 6 октомври 1943 во Кленоец) македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2][3]
Трајан Белев - Гоце | ||
Роден | 4 јануари 1902 година Ѓавато, Битолско | |
---|---|---|
Починал | 6 октомври 1943 година Кленоец, Кичевско застрелан од балистите | |
Националност | Македонец | |
Занимање | Револуционер - борец за слобода на Македонскиот народ |
Животопис
уредиТрајан уште од рано детство бил принуден да работи за издржување на фамилијата. Кога имал 18 години, заминал на печалба во Франција, а потоа и во САД. Трајан Белев бил редовен на сите митинзи каде се манифестирала солидарноста со Советскиот Сојуз. Трајан сакал илегално да замине за Советскиот Сојуз, меѓутоа бил откриен и како непожелен протеран од САД. Белев не само во Ѓавато туку и во соседните села агитирал против профашистичкиот режим на Стојадиновиќ.
За време на окупацијата станал и секретар на Реонскиот комитет на Први реон, потоа и илегалец но во реонот секаде се чувствувало неговото присуство. Активноста на Трајан го истакнала до тоа да биде член на Оперативниот штаб на Втората оперативна зона и комесар по снабдување. По формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, Белев ја имал должноста заменик комесар на баталјонот. Во една од многубројните акции против балистичките сили кај Кленоец (Кичевско), Трајан Белев-Гоце загинал на 6 октомври 1943 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 68. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 40. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „БЕЛЕВ, Трајан“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
Надворешни врски
уреди- Gjorgi Dimovski–Colev, "Trajan Belev – Goce"
- На денешен ден убиен е Трајан БЕЛЕВ Гоце, учесник во НОВ
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |