Тони Зен
Тони Петковски (21 јули 1983), во јавноста познат како Тони Зен, е македонски рапер и продуцент. Член е на групата Урбана Димензија, а се занимава со рап повеќе од 10 години.
Тони Петковски | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Тони Петковски |
Познат(а) и како | Тони Зен |
Роден(а) | 21 јули 1983 Скопје |
Жанр(ови) | Рап |
Занимање/ња | Пејач, композитор, изведувач на гитара, текстописец |
Години на активност | 2002–денес |
Мрежно место | ToniZen.mk |
Кариера
уредиПод влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 1990-тите години Тони (со уметничко име Kire Daskalov) почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре ја формира групата Урбана Димензија, и со тоа започнува професионално да се занимава со рап музиката. Во меѓувреме Тони своето уметничко име од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Едо Маајка. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други.
Тони Зен бил гостин на концертот на Слаткаристика одржан на Антички театар во Охрид на 23 јули 2009, a исто така бил дел и од концертот на Слаткаристика, одржан во Метрополис Арена во Скопје каде имал свое шоу на сцената. На 31 март 2010 година, Тони Зен настапил како предгрупа на концертот на 50 Cent кој се одржа во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Значаен датум за Тони Зен е 23 јули 2010 година, затоа што тогаш го одржал својот прв солистички концерт во Античкиот театар во Охрид пред околу 4 000 гледачи, а како гости на концертот настапиле Токсикологија и Слаткаристика.
Како најуспешен период во неговата досегашна кариера се смета периодот во 2009 и 2010 година кога Тони Зен претставувал еден од најдобрите рап артисти на територијата на Република Македонија. Покрај успехот во музиката, Тони е и сопственик на Tony's Soul Wear, продавница наменета исклучиво за хип-хоп облека. Продавницата се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Стиховна Агенда (2005)
- Слушај (2007)
- Во мој Стил (2009)
- Тони Зен е Суперзен (2011)
- Микро Скопски организам (2013)[1]
- Од изворот на изборот (2019)
Синглови
уреди
|
|
Видео записи
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Зен мастер | 2004 | |
Скопје мој град | 2005 | |
Во полн ефект | 2006 | |
Mi casa e su casa | 2007 | Дарко Антоновски |
Дали сакаш | 2008 | |
Скандал | 2009 | Дарко Антоновски |
Спушти Се Доле | 2009 | |
Во мој стил | 2009 | Дарко Антоновски |
Не ме замарај | 2010 | Дарко Антоновски |
Океј | 2010 | Дарко Антоновски |
Биди зелен | 2010 | Томато продукција |
Јас сум хип-хоп | 2010 | |
Бас | 2010 | EXIT-B Production |
Суперзен | 2011 | EXIT-B Production |
Rap `n` Roll | 2011 | Владимир Митревски-Ѓуле |
Три | 2011 | |
Надвор & Повеќе од рапер | 2012 | BMA Production |
Исти | 2012 | Мерт,Тони Зен |
Под контрола | 2013 | Mert Asllani,Антонио Павловски |
Сетила | 2013 | BMA brothers |
Светот е твој | 2013 | BMA brothers |
Прљаво на балкан | 2016 | Mert Asllani |
СУМ | 2019 | Огнен Шапковски |
Тишина | 2019 | Billy D,Toni Zen |
Планот | 2022 | Огнен Шапковски |
Првата нота | 2022 | Владислав Гавриловски |
Клубот | 2022 | Никола Димов |
El Padrino | 2023 | Владислав Гавриловски |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Тони Зен Архивирано на 2 јули 2010 г.
- Тони Зен на MySpace[мртва врска]
- Видеа Тони Зен Архивирано на 21 февруари 2013 г.
- Информации за музичкото портфолио на „Тони Зен“ Архивирано на 19 март 2017 г. може да најдете на ВБУ Музички Регистар.
Наводи
уреди- ↑ Ѓорге Стојанов, "Не станав познат да бидам швалериште", Антена, бр. 804, петок, 22.11.2013, стр. 5.