Томас Шапкот
Томас Вилијам Шапкот AO (англиски: Thomas William Shapcott; р. (21 март 1935) — австралиски поет, романописец, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител.
Томас Шапкот AO | |
---|---|
Роден/а | Томас Вилијам Шапкот 21 март 1935 Ипсвич, Австралија |
Занимање | поет, прозаист, драматург |
Националност | Австралиец |
Значајни награди | 1989: Златен венец на Струшките вечери на поезијата 2000: Награда Патрик Вајт |
Животопис
уредиРоден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак.
Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичен квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох [1]. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години.
Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по творечко пишување на универзитетот во Аделаида.[2]
Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи.
Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт.
Избрани дела
уредиЗбирки поезија
уреди- Time on Fire („Време на Огнот“)
- The Mankind Thing („Човечкото нешто“)
- Shabbytown („Напуштен град“)
- Calendar („Календар“)
- In the Beginning („На почетокот“)
- Chekhov's Mongoose („Мунгосот на Чехов“; преведена и како „Гуската на Чехов“)
- Spirit Wrestlers („Борачи на духот“)
Романи
уреди- White Stag of Exile („Белиот мажјак на егзилот“)
- Mona's Gift („Подарокот на Мона“)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Томас Шапкот на Блесок, Архивирано на 4 март 2016 г. заедно со преводот на два негови раскази: Бегалец Архивирано на 17 февруари 2006 г. и Затворање на банката. Архивирано на 4 март 2016 г. (македонски)
- Биографија на Томас Шапкот на страницата на Brisbane Writers Festival. Архивирано на 20 јуни 2005 г. (англиски)