Тодор Петров
- За други значења видете на појаснителната страница.
Тодор Петров (Гевгелија, 19 март 1960) — македонски политичар, борец за правата на Македонците низ целиот свет и претседател на Светскиот македонски конгрес.[1]
Тодор Петров | |
---|---|
Претседател на Светскиот Македонски Конгрес | |
На должноста | |
Стапил 15 септември 1990 | |
Пратеник во Собранието на Реублика Македонија | |
На должноста 1990–1994 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 март 1960 Гевгелија, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | Независен |
Живеалиште | Скопје |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Занимање | Политичар |
Професија | Економист |
Вероисповед | Македонска православна црква |
Животопис
уредиПетров е роден на 19 март 1960 година во Гевгелија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил директор на Занаетчиска задруга во Гевгелија и директор на неделникот „Македонско сонце”. Од 1990-1994 година бил независен пратеник во првиот повеќепартиски парламент на Македонија, по распаѓањето на поранешна СФРЈ.[2] Од 1990 година е претседател на Светскиот македонски конгрес. Од 2006 година беше претседател на кратковечната Македонската партија како транснационална партија.[3] Во 2009 година учествуваше во кандидатската трка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, но не ја доби кандидатурата.[4]
Живее и работи во Скопје. Зборува англиски јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Интервју со Тодор Петров, претседател на СМК“ (PDF). Македонско Сонце. 18 јануари 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2009-11-05.
- ↑ „Тодор Петров“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-05.
- ↑ „Тодор Петров ќе промовира партија“
- ↑ „Ѓорѓе Иванов и Тодор Петров ги претставија своите програми пред делегатите на ВМРО-ДПМНЕ“