Тимоти Кастањ
Тимоти Кастањ (роден на 5 декември 1995 година, во Арлон) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Фулам и на белгиската репрезентација.
Тимоти Кастањ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Тимоти Кастањ[1] | ||
Роден на | 5 декември 1995 | ||
Роден во | Арлон, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[2] | 1,85||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фулам | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
Арлон | |||
Виртон | |||
Генк | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2017 | Генк | 80 | (1) |
2017-2020 | Аталанта | 75 | (5) |
2020-2023 | Лестер Сити | 91 | (5) |
2023- | Фулам | 29 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Белгија 18 | 4 | (0) |
2013-2014 | Белгија 19 | 12 | (0) |
2014-2016 | Белгија 21 | 8 | (1) |
2018- | Белгија | 41 | (2) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Технички карактеристики
уредиТехнички цврст и способен да има офанзивно влијание, Кастањ е брз играч кој најдобро се изразува на позцијата десен бек.[3] Во Аталанта под водството на Гасперини, тој најчесто бил користен како страничен играч од средиот ред по двете страни, благодарение на неговата способност да игра еднакво добро и со десната и со левата нога.
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиРоден во Арлон, Белгиски Луксембург, Кастањ започнал да игра фудбал во локалните клубови УС Валцинг и Лорен Арлон, пред да се пресели во младинската академија на Виртон, најголемиот клуб во покраината.[4] Потоа, тој тренирал во младинските категории на Стандард Лиеж, за време на периодот кога престојувал во училишниот интернат кој се наоѓал недалеку од клубот, но продолжил да игра натпревари во Виртон за време на викендите.[5]
Генк
уредиВо 2011 година, Кастањ се преселил во Генк, откако Стандард одлучи да не го регрутира трајно.[6]
Во јуни 2013 година, тој потпишал професионален договор со клубот на три години. Во јануари 2014 година, тогашниот тренер на Генк, Марио Бен, го вклучил Кастањ во тренинг кампот со првиот тим па откако овој му оставил добар впечаток, бил промовиран трајно во првиот тим за втората половина од сезоната 2013-2014, но не добил можност на дебитира.[7]
Своето деби за Генк, Кастањ го направил под водството на новиот тренер Алекс Меклиш на почетокот на сезоната 2014-2015, играјќи како стартер во натпреварот од првенството против Клуб Бриж (1-1).[8] На 2 мај 2015, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 7-1 на домашен терен над Васланд-Беверен.[9]
Во сезоната 2016-2017, тој исто така ги имал своите први меѓународни настапи, играјќи 12 натпревари во Лига Европа (дебитирал на 14 јули 2016, против Будуќност во второто квалификациско коло[10]) на кои постигнал два гола, од кои еден бил во белгиското дерби Гент во осминафиналето.[3] После вкупно 99 настапи и 3 гола за Генк, Кастањ го напуштил клубот во летото 2017.
Аталанта
уредиВо јули 2017, потпишал за италијанската Аталанта, во трансфер вреден 6 милиони евра.[11] Дебитирал во Серија А на 10 септември, играјќи од почеток во победата со 2-1 над Сасуоло. Својот прв гол за тимот од Бергамо го постигнал на 2 јануари 2018 година, во натпреварот од Купот на Италија добиен со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[12]
По првата сезона на адаптација,[13] втората ја започнал подобро,[14] а на 27 август го постигнал својот прв гол во кариерата во Серија А, во ремито 3-3 на гостувањето против Рома.[15] Втората сезона за него генерално била позитивна,[13] и покрај тоа што морал да се ротира на страничните позиции со Ханс Хатебур, постигнувајќи вкупно 4 првенствени голови; другите голови дошле во вториот натпревар против Рома (пак завршил 3-3, во кој му помогнал на тимот да ја анулира негативата од 3 гола[16]), и во два важни успеси при крајот од првенството против Лацио (1-3)[17] и Џенова (2-1).[18]
Следната година, тој продолжил да се менува со Хатебур; во однос на головите, тој постигнал два: еден во првенството во последната минута во ремито 2-2 против Фјорентина (каде „Божицата“ анулирала негатива од два гола),[19] другиот во Лигата на шампионите, во кој го постигнал првиот гол во успехот од 0-3 против Шахтар Донецк, со што и овозможил на Аталанта да се пласира во осминафиналето.[20]
За 3 години поминати во Бергамо, тој собрал 96 настапи и 8 гола во сите натпреварувања за Аталанта;[21] неговото збогување било поттикнато и од влошениот однос со тренерот Џан Пјеро Гасперини.[22]
Лестер Сити и Фулам
уредиНа 3 септември 2020, Кастањ го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата на Англија, потпишувајќи петгодишен договор со Лестер Сити.[23] На 13 септември 2020, тој го постигнал својот прв гол на своето деби за лисиците во победата со 3–0 над Вест Бромвич Албион;[24][25] тој станал петтиот белгиски играч кој постигнал гол на своето деби во Премиер лигата, по Лук Нилис, Томас Вермален, Кристијан Бентеке и Леандро Тросар.[26] Својата прва сезона во клубот ја завршил со освојување на трофеј, кога Лестер Сити го освоиле првиот ФА Куп во нивната клупска историја, совладувајќи го Челси во финалето со 1-0; Кастањ го започнал финалето од првата минута и го одиграл целиот натпревар.
Во сезоната 2022-2023, Кастањ одиграл 37 од 38-те натпревари на Лестер Сити во Премиер лигата (пропуштајќи го само натпреварот од петтото коло против Манчестер Јунајтед на домашен терен во кој останал на клупата) постигнувајќи два гола, но истата завршила неславно за лисиците со испаѓање од елитната дивизија по 9 години. И покрај испаѓањето на Лестер, тој останал да игра во Премиер лигата, потпишувајќи за Фулам на 29 август 2023.[27][28]
Репрезентативна кариера
уредиКастањ е поранешен младински репрезентативец на Белгија во селекциите под 18, под 19 и под 21 година. За последната дебитирал во 2015 година, постигнувајќи гол за победа уште на неговото деби.
Своето деби за сениорите го имал на 7 септември 2018 во пријателски натпревар против Шкотска,[29] додека првиот погодок го постигнал на 8 јуни 2019, во победата со 3-0 над Казахстан во квалификациите за Европското првенство 2020. Откако Белгија се квалификувала за споменатиот турнир, тој се нашол на списокот играчи кој учествувале, забележувајќи таму еден настап, во победата со 3-0 над Русија. Тој го започнал натпреварот против русите во почетната постава, но морал да го напушти теренот во 27-мата минута откако се судрил директно со противничкиот играч Далер Кузјаев. Подоцна било утврдено дека Кастањ доживеал двојна скршеница на окото, по што морал да се повлече од остатокот на турнирот.[30]
Во декември 2022, тој бил повикан за Светско првенство 2022 во Катар. Таму тој ги одиграл сите три натпревари на Белгија во групната фаза, по која репрезентацијата била елиминирана.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиТитули
уредиЛестер Сити
уреди- ФА Куп : 1
- 2021
Наводи
уреди- ↑ „2020/21 Premier League squads confirmed“. Premier League. 20 October 2020. Посетено на 24 October 2020.
- ↑ „Timothy Castagne“. Atalanta Bergamasca Calcio. Архивирано од изворникот на 2018-06-26. Посетено на 16 January 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Le schede dei nuovi stranieri della Serie A: Timothy Castagne (Atalanta)“. 7 јули 2017.
- ↑ Georges, Fabrice (31 August 2018). „La maman de Timothy Castagne: "C'est vraiment mérité!"“. LaMeuse Luxembourg (француски). Посетено на 26 January 2021.
- ↑ Tanner, Rob (2 September 2020). „In Timothy Castagne, Leicester are signing 'a gem of a player'“. The Athletic. Посетено на 26 January 2021.
- ↑ „Standard moest jongeling van Genk niet hebben“. voetbalnieuws.be (холандски). 16 September 2014. Посетено на 26 January 2021.
- ↑ „KRC Genk test Feyenoordspits Sekou Cissé op stage in Turkije“. Het Belang van Limburg (холандски). 3 January 2014. Посетено на 26 January 2021.
Op de lijst van 29 spelers prijken ook de namen van belofte Timothy Castagne en van testspeler Sekou Cissé.
- ↑ „Genk vs. Club Brugge - 14 September 2014 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 14 September 2014.
- ↑ „Genk verwent thuispubliek tegen Waasland-Beveren met zeven potten“. De Standaard (холандски). 2 May 2015. Посетено на 26 January 2021.
- ↑ „Genk vs. Budućnost - 14 јули 2016“. Посетено на 7 јули 2017.
- ↑ „Ecco Timothy Castagne“. atalanta.it (италијански). Atalanta B.C. 7 July 2017. Архивирано од изворникот на 10 July 2017. Посетено на 27 January 2021.
- ↑ Atalanta (2 јануари 2018). „Timothy Castagne: "Per me è un grande giorno"“. Посетено на 17 септември 2020.
- ↑ 13,0 13,1 „Giovani Promesse, Castagne top del 31º turno: l'Atalanta ha la sua freccia“. 9 април 2019. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Otto radar per studiare il centrocampo. Castagne, che sorpresa“. 9 јануари 2019. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „All'Olimpico spettacolare 3-3 con la Roma“. 27 август 2018. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ . 27 јануари 2019 https://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/seriea/serie-a-atalanta-roma-3-3-rimonta-show-dei-bergamaschi_1258219-201902a.shtml. Посетено на 2020-09-17. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Lazio-Atalanta 1-3, i nerazzurri blindano il quarto posto“. 2019-05-05. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Atalanta-Genoa 2-1. I nerazzurri vincono e superano l'Inter al 3º posto“. 11 мај 2019. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Serie A: l'Atalanta rimonta la Fiorentina, 2-2 di Castagne al 95'“. 2019-09-22. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Shakhtar-Atalanta 0-3: delirio nerazzurro e ottavi di Champions conquistati“. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Atalanta, pronto un addio da 25 milioni di euro“. 1 септември 2020. Посетено на 2020-09-03.
- ↑ „Atalanta, Castagne spiega l'addio: "Con Gasperini non c'era un buon rapporto"“. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ „Timothy Castagne Pens Five-Year Deal With Leicester City“. Leicester City F.C. 3 September 2020.
- ↑ „Castagne lascia subito il segno in Premier: goal al debutto col Leicester“. 13 септември 2020. Посетено на 15 септември 2020.
- ↑ „Pundit's verdict about Timothy Castagne's debut will excite Leicester City fans“ (англиски). Leicester Mercury. 14 септември 2020. Посетено на 17 септември 2020. Занемарен непознатиот параметар
|autore=
(се препорачува|author=
) (help) - ↑ „West Bromwich Albion 0–3 Leicester City“. BBC Sport. 13 September 2020.
- ↑ „Timothy Castagne Completes Fulham Transfer“ (англиски). Посетено на 2023-08-29.
- ↑ „Castagne Signs For Fulham“ (англиски). 2023-08-29. Посетено на 2023-08-29.
- ↑ „Scotland v Belgium game report“. Sky Sports. 7 September 2018.
- ↑ „The Latest: Belgium's Castagne to miss rest of Euro 2020“. Associated Press. 12 June 2021.