Тешкото
Тешкото — оро што се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи претставува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.[1]
Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските души низ безбројните векови робување.
Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото[2] така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Тешкото во изведба на КУД Мирче Ацев.
- изведбата на Камерниот оркестар "Скопски Солисти" на "Тешкото" од Глигор Смокварски, фрагмент од балетот "Македонска приказна", аранжман. А. Шурев Архивирано на 15 март 2007 г..
- Македонско и светско оро: Тешкото Архивирано на 21 јануари 2011 г.
- Тешкото - Лазарополе