Тешка борба
„Тешка борба“ — македонска народна песна. Песната е посветена за слободата на Македонија, поточно за борбите за слобода во Кратовско. Песната има родољубив карактер.
„Тешка борба“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:20 (Драгана Максимова и Тоше Максимов) |
Текст
уредиТешка е била борба за слобода,
борба за слобода, за Македонија.
Ми го нападнаа градот Кратово,
градот Кратово, село Шлегово.
Па ми отворија оган и пламен,
оган и пламен над Здравчин Камен.
Таму загинаа двајца другари,
двајца другари од Шопско Рударе.
Кога загинаа, тие извикнаа:
- ние загинавме за Македонија.