Теново
Теново — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.
Теново | |
Панорама на Теново | |
Координати 41°53′41″N 20°59′0″E / 41.89472° СГШ; 20.98333° ИГД | |
Регион | Горни Полог |
Општина | Општина |
Население | 1.175 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28081, 28581 |
Теново на општинската карта Атарот на Теново во рамките на општината | |
Теново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, во подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа меѓу селата Радиовце и Стенче.
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 49 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Население
уредиСледува табела со хронолошки преглед на населението на Теново:
Година | 1453 | 1468 | 1900 | 1905 | 1929 |
---|---|---|---|---|---|
Жители | 31 семејство[3] | 51 семејство[3] | 320 жители[4] | 144 Македонци и ? албанци[5] | 455 жители[6] |
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теново живееле 305 жители, од кои 170 Македонци и 135 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Теново било дел од Стенчевска општина во Долнополошкиот срез и имало 75 куќи со 455 жители Македонци и Албанци.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Албанци.[10]
Според пописот од 2002 година селото има 1.602 жители, од кои 210 Македонци, 1.391 Албанец и 1 останат.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 189 Македонци, 963 Албанци и 23 лица без податоци.[12]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 830 |
1953 | 294 | 578 | 26 | — | — | 1 | — | 1 | — | 900 |
1961 | 324 | 730 | — | — | — | 2 | — | 25 | — | 1.081 |
1971 | 280 | 925 | 9 | — | — | 1 | — | 11 | — | 1.226 |
1981 | 258 | 1.095 | 4 | — | — | 2 | — | 67 | — | 1.426 |
1991 | 261 | 4 | — | — | — | 1 | — | 2 | — | 268 |
1994 | 258 | 1.209 | 1 | — | — | 1 | — | — | — | 1.469 |
2002 | 210 | 1.391 | — | — | — | — | — | 1 | — | 1.602 |
2021 | 189 | 963 | — | — | — | — | — | — | 23 | 1.175 |
Родови
уредиТеново е мешано македонско-албанско село, македонските родови во селото се староседелски и доселенички, додека албанските родови сите се доселенички.
Македонски родови во Теново се:
- Староседелци: Ѓоргијовци (7 куќи), Новаковци (3 куќи), Влкановци (5 куќи), Атлевци (4 куќи), Јоановци (2 куќи), Митревци (3 куќи)
- Доселеници: Дошлаковци или Николовци (4 к.) доселени се од соседното село Милетино. И во Милетино се доселиле однекаде; Ристевци (1 к.) доселени се од денес албанското село Градец; Ѓуревци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Војновци (4 к.) доселени се од раселеното село Смрдеш на Сува Гора; Терзијевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Даниловци (1 к.) овде се доселил основачот на родот Рафе. Тој дошол како домазет од селото Железна Река; Чарлевци (4 к.) доселени се од некаде. Некои мислат дека се од некое албанско село во Скопски Дервен; Бацој (1 к.) доселени се од селото Милетино, таму имале роднини. Подалечно потекло имаат од селото Долна Лешница.
Албански родови во Теново се:
- Доселеници: Рамовци (5 куќи) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја; Вајитовци (1 куќа) доселени се од селото Гургурница, таму се доселени од селото Рибница, Горна Река; Рустемовци (10 куќи) доселени се од некое село во Кичевија, таму се доселени од Северна Албанија; Мифтаровци (3 куќи) и они се доселени од некое село во Кичевија, можеби Гарани (?). Таму се доселени одСеверна Албанија; Куковци (10 куќи) доселени се од Кичево. Возможно е да потекнуват од Торбеши; Емруловци (2 куќи) доселени се од Северна Албанија; Јашаровци (1 куќа) доселени се од селото Зајас, Кичевија, подалечно потекло од Северна Албанија; Ајрединовци (1 куќа) доселени се од Челопек; Садиковци (7 куќи) и они се доселени од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија; Локовци (16 куќи) доселени се од некое село кај Пешкопеја; Фетаовци (1 куќа) доселени се од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија.[14]
Редовни настани
уредиСв. Недела
уредиЕден од поголемите настани што се прославува во теново е празникот посветен на Св. Недела, чие име го носи манастирската црква која се наоѓа на блискиот рид Горица.
Одбележувањето на Св. Недела во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква. Тогаш во Теново се збираат сите, а пред сè младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур[15].
Богојавление
уредиЧествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување. Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква „Св. Никола“ кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст. Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот[16].
Општествени установи
уреди- Цркви
- Црква „Св. Недела“ - Теново — манастирска црква
- Црква „Св. Никола“ - Теново — главна селска црква
Личности
уреди- Рефет Елмази (р.5 септември 1959) - Висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2047 и 2048 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.612 гласачи.[18]
Стопанство
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиКултура и спорт
уреди== Иселеништво ==-->
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.47
- ↑ 3,0 3,1 „Составот на населението во Тетовската нахија во XV век“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-12-26.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-05-10.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 407-408-409.
- ↑ 06.04.2008 - Празникот Света Недела прославен во Теново Архивирано на 4 март 2016 г.-Репортажа на Телевизија KISS
- ↑ 19.01.2008 - Со фрлањето на осветениот крст во водите на реката Вардар и во Теново традиционално одбележан празникот Архивирано на 4 март 2016 г. -Репортажа на Телевизија KISS
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Теново на Карти на Гугл
- Семејството Мицевски се враќа од Австралија за да почне бизнис[мртва врска] - Статија на Утрински весник за теновски повратник од Австралија