Стојан Христов
Стојан Христов (англиски: Stoyan Christowe, 18 август 1898, Кономлади, Костурско, Егејска Македонија − 24 јануари 1996, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД) — македонско-американски писател, новинар, публицист со македонско потекло[1] и сенатор на сојузната држава Вермонт. Стојан Христов бил избран за член на МАНУ и почесен член на ДПМ[2][3].
Стојан Христов | |
---|---|
Роден/а | Стојан Христов 18 август 1898 Кономлади, Костурско, Егејска Македонија |
Починат/а | 26 јануари 1996 Томпсон Хаус, Вест Довер, САД |
Занимање | писател, публицист, новинар. |
Националност | Македонец |
Жанр | македонска етнологија, историја и култура |
Значајни дела | „Мојот американски аџилак“, „Ова е мојата земја“ и други. |
Сопруг/а | Маргарет Христов |
Животопис
уредиСтојан Христов е роден во селото Кономлади, Костурско во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата четиринаесет-годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради таканаречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење[3].
Откако се стекнал со американското државјанство, се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората светска војна бил аналитичар и предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин на Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава[3].
Творештво
уредиСтојан Христов бил раскажувач и романописец. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија[3].
Романи
уредиСтојан Христов е автор на следните романи[4]:
- „Мара“ (1937 г.),
- „Оваа е мојата таковина“ (1938 г.)
- „Мојот американски аџилак“ (1947 г.)
- „Орелот и штркот“ (1976 г.)
- „Лавот од Јанина“ (1941 г.)
- „Невестата на доселеникот“, „Дијалог“, Скопје, 2010.[5]
Раскази
уредиПокрај романите, автор е и на следните раскази [4]:
- „Стариот пчеларник “ (1926 г.)
- „Камбана “ (1927 г.)
- „Два роја пчели “ (1927 г.)
- „Сечко “ (1928 г.)
- „Кукери “ (1940 г.)
- „Мечка игра на сред село “ (1930 г.)
- „Чочек “ (1930 г.)
- „Таро тапанџијата “ (1930 г.)
- „Орли на ливадата “ (1929 г.)
- „Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.)
- „Новата жена на Истанбул “ (1928 г.)
- „Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.)
- „Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.)
- „Со циганите на Балканот“ (1930 г.)
- „Низ долината на Балканот“ (1930 г.)
- „Полуамериканец“ (1929 г.)
- „Америкоманија“ (1930 г.)
- „Мојот пријател Слободата“ (1930 г.)
- „Неприродна натурализација“ (1930 г.)
- „Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.)
- „Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.)
- „Неприродна натурализација“ (1930 г.),
Наводи
уреди- ↑ The Taste and Fever of America; Stoyan Christowe, an Immigrant From Macedonia, Writes of This Country With Emotional and Intellectual Ardor, New York Times, September 18, 1938, Sunday
- ↑ „Стојан Христов на ДПМ“. Архивирано од изворникот на 2009-09-08. Посетено на 2010-02-24.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Сталев, Георги (1995). Нада Манојловиќ (уред.). Литература на македонскиот јазик (VII изменето и дополнето издание. изд.). Скопје: Просветно дело. стр. 167/168.
- ↑ 4,0 4,1 „Стојан Христов“. Посетено на 2010-02-24.
- ↑ Објавен досега непознат роман од Стојан Христов
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Биографија на Христов Архивирано на 27 јули 2014 г.
- Стојан Христов на страницата на ДМП Архивирано на 8 септември 2009 г.
- Хронологија на животот на Стојан Христов
- Стојан Христов прв Македонец со споменик во Вермонт[мртва врска]
- Меморијална плоча и споменик за Стојан Христов[мртва врска]
- САД му оддадоа почит на македонскиот имигрант Стојан Христов