Стадион Караѓорѓе
Стадион Караѓорѓе е фудбалски стадион во Нови Сад. Најмногу се користи за фудбалски натпревари и атлетика , а домаќин е на ФК Војводина. На трибините има место за 15.000 гледачи.
Стадион Караѓорѓе | |
---|---|
Место | Нови Сад, Војводина Србија |
Координати | 45°14′48.65″N 19°50′32.08″E / 45.2468472° СГШ; 19.8422444° ИГД |
Отворен | |
Реновиран | 1967, 2004, 2009. |
Проширен | 1931, 1991. |
Сопственик | |
Подлога | трeва |
Игра | |
Гледачи |
На овој стадион повеќето од својите домашни натпревари ги игра млада репрезентација на Србија, како и повремено сениорската репрезентација на Србије.
Историја
уредиСтадион е изграден 1924. година, а отворен е на 28 јуни 1924. Стадионот од своето отворање до Втора светска војна го носел името „Караѓорѓе“. После тоа бил познат само како Градски стадион, додека сагашното име го добил во 2007 година, по Караѓорѓе, водачот на Првото српско востание.
Во текот на Втората светска војна била подигната куќарка на јужната страна на стадиона, а во 1991. година е довршена северната трибина, од 2008. до 2009 година. Извршена е мала реконструкција, кога е поставена тартан стаза, изградена нова југоисточна трибина, на која е поставен современ „ФИЛИПС"-ов семафор.
У марту 2011. започнало поставување на рефлектори, а целокупната работа е завршена кон крајот на јули истата година. Осветлувањето е со јачина 1.400 лукси, а вредност на проектот е износувал околу 300.000 евра. Првиот натпревар под новите рефлектори е одигран на 6 август 2011 година. кога во пријателски натпревар се состанале Војводина и УТА Арад од Романија.[1]
Стадион Караѓорѓе е изабран од страна на ФСС за домаќин на финалто на Купот на Србија за сезоната 2011/12., кој се играл на 16 мај 2012 година.[2] Сепак ФК Војводина подоцна се откажала од организацијата на финалето, а како причина е наведена реконструкцијата на стадионот.
На 24 мај 2013 година со рушење на старата управна зграда (изградена 1942) на јужниот дел на стадионот почнала реконструкцијата на јужната трибина на стадионот, која ја вклучува и изградбата на новата централна јужна трибина на местото на старата зграда, при што во подтрибинскиот простор ќе се наоѓаат просториите по стандардите на УЕФА, како и реновирањето на старата јужна трибина.[3] Реконструкцијата е завршена на 20 август, два дана пред натпреварот со Војводина во Лига Европа против Шериф, а сместивоста на стадионот е зголемена на 15.000 места.
Натпревари на репрезентацијата
уредиФудбалска репрезентација на Југославија на овој стадион одиграла четири натпревари, додека пак репрезентација на Србија својот први натпревар го одиграла 2012. година.
# | Датум | Натпреварување | Противник | Резултат | Гледачи | |
---|---|---|---|---|---|---|
СФР Југославија (1945–1992) | ||||||
1. | 21 април 1971. | Пријателска | Романија | 0:1 | 20.000[4] | |
2. | 14 ноември 1979. | Квалификации за ЕП 1980. | Кипар | 5:0 | 14.134[5] | |
3. | 21 ноември 1981. | Квалификације за СП 1982. | Луксембург | 5:0 | 20.000[6] | |
4. | 20. септембар 1989. | Пријателска | Грција | 3:0 | 8.000[7] | |
Србија (2006-) | ||||||
5. | 11 септември 2012. | Квалификации за СП 2014. | Велс | 6:1 | 11.000[8] | |
6. | 26 март 2013. | Квалификации за СП 2014. | Шкотска | 2:0 | 5.000[9] | |
7. | 11. октобар 2013. | Пријателска | Јапонија | 2:0 | 10.000 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Прва утакмица под светлошћу нових рефлектора у Новом Саду, www.atastars.rs
- ↑ Финале Купа у Новом Саду, www.b92.net
- ↑ Славната куќа во сред стадионот се руши,и почнало реновирањето на новосадскиот Караѓорѓе, sport.blic.rs, 24. 5. 2013.
- ↑ Југославија - Романија Архивирано на 15 април 2017 г., www.reprezentacija.rs
- ↑ Југославија - Кипар Архивирано на 15 април 2017 г., www.reprezentacija.rs
- ↑ Југославија - Луксембург Архивирано на 15 април 2017 г., www.reprezentacija.rs
- ↑ Југославија - Грчка Архивирано на 15 април 2017 г., www.reprezentacija.rs
- ↑ Србија - Велс Архивирано на 15 април 2017 г., www.reprezentacija.rs
- ↑ Нови Сад поново таличан за орлове, пали и Шкоти Архивирано на 22 септември 2013 г., www.sportal.rs
Надворешни врски
уреди„Стадион Караѓорѓе“ на Ризницата ? |
- Информације о стадиону Архивирано на 2 јули 2012 г. на званичном сајту ФК Војводина