Средната задна незаоблена самоглас е вид на самогласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебен симбол што ја претставува „точниот“ среден заден незаоблен глас полузатвореното [ɤ] и полуотвореното [ʌ] (бидејќи ниеден јазик не ги разликува сите три), па затоа се користи обичното ⟨ɤ⟩. Ако се јави потреба од прецизност, тогаш се користи дијакритички знак: ⟨ɤ̞⟩ или ⟨ʌ̝⟩.
Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
Според местото на образување (редот), самогласката е задна, што значи дека јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Ternes, Elmer; Vladimirova-Buhtz, Tatjana (1999), „Bulgarian“, Handbook of the International Phonetic Association, Cambridge University Press, стр. 55–57, ISBN0-521-63751-1
Asu, Eva Liina; Teras, Pire (2009), „Estonian“, Journal of the International Phonetic Association, 39 (3): 367–372