Сметачко глувче

(Пренасочено од Сметачки глушец)

Глувче (од англ. mouse) е еден од најкорисните и најкористените периферни делови на сметачот. Спаѓа во т.н. влезни уреди. Постојат 3 типови на посредници за поврзување на глушецот со сметачот, и тоа: сериски (за постари сметачи), PS/2 и USB посредник. Сензорот за детекција на движењето на глушецот (раката на корисникот) може да биде: обичен, со топче или оптички. Со создавањето на напредните оперативни системи и зачетоците на графички опкружувања се јави неопходна потреба за проек-тирање и изработка на периферен влезен уред заради лесна навигација во овие графички средини. Првиот примерок на глувче е произведен од компанијата Microsoft заради потребите на тогашниот прв графички оперативен систем IBM-OS2 ( IBM е фирмата а OS2 е оперативен систем). Смислата на овој периферен уред и негово значење се добива во почетокот на 80-те години со настанокот на графичкиот операти-вен систем Windows 3.1 Овој периферен влезен уред според начинот на поврзување се дели на :

  • DIN 9 PIN-Сериски конектор
  • PS2-Приклучок
  • USB-Приклучок
Сметачко глувче.

Според функционалноста глувчињата се делат на:

  • глувче со 2 копчиња
  • глувче со 3 копчиња
  • глувче со 4 копчиња
  • глувче со 5 копчиња
  • глувче со вграден лизгач
  • комбинирано глувче (со повеќе копчиња и лизгачи)