Слогница речовска
Слогница речовска или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ — книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски.[1] Важи за прва печатена македонска граматика[2], но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.
Корица на оригиналното издание. | |
Автор | Ѓорѓија Пулевски |
---|---|
Земја | Кнежевство Бугарија |
Јазик | македонски |
Жанр | граматика и правопис |
Издадена | 1880 |
Медиум | печатено |
Писмо
уредиПри пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.
Големи букви | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
А | Б | В | Г | Д | Е | Є | Ж | З | І | И | К | Л | М | Н | О | П | Р | С | Т | У | Ф | Х | Ц | Ч | Ш | Ъ | Ы | Ь | Ѣ | Ю | Ѫ | Џ | Я | Ѳ |
Мали букви | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
а | б | в | г | д | е | є | ж | з | і | и | к | л | м | н | о | п | р | с | т | у | ф | х | ц | ч | ш | ъ | ы | ь | ѣ | ю | ѫ | џ | я | ѳ |
Наводи
уреди- ↑ Слогница речовска, Ѓорѓија Пулевски, 1880, Софија.
- ↑ Ѓорѓија Пулевски Архивирано на 15 април 2008 г. на страницата на МАНУ.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Слогница речовска на Викиизвор.
- Слогница речовска Архивирано на 21 март 2012 г. на страната на НУБСКО.
Оваа статија за македонскиот јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |