Словенска антитеза
Словенска антитеза — стилска фигура дадена во вид на прашање, негирање на прашањето и точен одговор. Оваа стилска фигура е присутна во многу песни од македонската народна книжевност, но ја има и во уметничката.
Пр.
- прашање
Фигури | |
---|---|
Фигури на значењето (тропи) | |
| |
Фигури на формата | |
| |
дал' град полињата житородни ги беше фатил?
ил' рој од скакулци се вдал?
дал' султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?
- негирање на прашањето
ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил,
да збира арач лут без жал.
- точен одговор
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој.
„Сердарот“ - Григор Прличев