Слободан Селениќ (српски: Слободан Селенић; 17 јуни 1933, Пакрац — 27 октомври 1995, Белград) — српски писател и книжевен критичар.

Слободан Селениќ
Slobodan Selenić
Спомен плоча на куќата во која живееше Селениќ
Роден(а)7 јуни 1933(1933-06-07)
Пакрац, Кралство Југославија
Починал(а)27 октомври 1995(1995-10-27) (возр. 62)
Белград, ФР Југославија
НационалностСрбин
Алма матерФакултет за драмски уметности, Универзитет за уметности во Белград
ЗанимањеУниверзитетски професор, писател
НаградиНинова награда, Стеријна награда

Животопис

уреди

Селениќ е роден во Пакрац на 7 јуни 1933 година. Работел како професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што предавал драматургија на 20-от век. Исто така, бил дописен член на САНУ. Селениќ починал во Београд на 27 октомври 1995 година.[1] [2]

Творештво

уреди

Селениќ пишувал романи, драми и театарска критика.

Библиографија

уреди

Селениќ е автор на следниве дела:[3]

  • Авангардната драма (антологија, 1964)
  • Ангажманот во драмската форма (драмска теорија, 1965 и 2003)
  • Мемоари на Перо Сакатиот (роман, 1968)
  • Драмските правци во 20 век (драмска теорија, 1971 и 2002)
  • Антологија на современата српска драма (антологија, 1977)
  • Пријатели (роман, 1980)
  • Писмо / глава (роман, 1982)
  • Татковци и предци (1985)
  • Тимор мортис (роман, 1989)
  • Убиство со предумисла (роман, 1993)
  • Исчекор во стварноста (политички разговори и есеи, 1995 и 2003)
  • Малајско лудило (роман, 2003)
  • Драмско време (театарска критика, приредил Феликс Пашиќ, 2005)

Покрај тоа, тој е автор на три драми:[2]

  • Косанчиќев венац 7 (прва изведба: март 1982 во Атеље 212)
  • Жигосување на народот во два дела (прва изведба: декември 1987 во Југословенско драмско позориште)
  • Кнез Павле (прва изведба: мај 1991 во Југословенско драмско позориште)

Според неговиот истоимен роман, снимен е филмот „Убиство со предумисла“ во 1995 година, а следната година е филмуван и неговиот роман „Татковци и предци“ под ист наслов.

Награди

уреди

За своите дела Селениќ е добитник на повеќе награди, како:[2]

  • Октомвриска награда на Белград, 1969 година (за „Мемоарите на Перо Сакатиот“)
  • НИН-ова награда, 1980 година (за „Пријатели“)
  • Награда на Народната библиотека на Србија за најчитана книга, 1981 година (за „Пријатели“)
  • Стериина награда за најдобар драмски текст, 1988 година (за „Жигосување на народот во два дела“)
  • Награда „Меша Селимовиќ“, 1989 година (за „Тимор мортис“)
  • Награда на Народната библиотека на Србија за најчитана книга, 1994 и 1995 година (за „Убиство со предумисла“)
  • Посмртна награда за сценарио, 1996 година (за филмот „Убиство со предумисла“)

Наводи

уреди
  1. http://www.sanu.ac.rs/Clanstvo/IstClan.aspx?arg=1255 Архивирано на 6 март 2018 г.
  2. 2,0 2,1 2,2 „O autoru“, во: Slobodan Selenić, Očevi i oci (deseto izdanje). Laguna, Beograd, 2023, стр. 359.
  3. „O autoru“, во: Slobodan Selenić, Očevi i oci (deseto izdanje). Laguna, Beograd, 2023, стр. 359-360.