Скутер
Скутер е возило со две тркала, најчесто со мали димензии. Сите скутери го имаат монтирано моторот во делот под седиштето или на задната оска каде што се овозможува полесен пренос на силата на задното тркало. Сите понови модели на скутери имаат автоматски пренос на силата на задното тркало, додека постарите модели на Веспа, или некој нови „Ретро” модели имаат мануелен пренос со комадни за менување на степените на левата рачка.
Повеќето скутери се опремени со едноцилиндрични мотори од 30cc – 250cc а макси скутерите имаат двоцилиндрични мотори од 400cc па сè до 600 кубни сантиметри. Во сите држави од светот скутерите под 50 кубни сантиметри се именувани како “мопеди” додека сите останати скутери над 50 кубни сантиметри спаѓаат во класата на мотоцикли и за нив важат сите правила кои се однесуваат на мотоциклите.
Неодамна сите модерни скутери беа произведувани со воздушно ладени, двотактни мотори кај кои мешањето на горивото со маслото за подмачкување е автоматизирано. Во поново време, моделите на Yamaha-YQ50 (2002 година и сѐ уште се произведуваат) се опремени со мотор на течно ладење (Liquid Cooled Engine), пример кој подоцна ќе го следат сите произведувачи на скутери. Моделите, Gilera Runer SP 50, Aprilia SR 50, Peugeot JetForce 50 имаат мотори со ваков тип на ладење и затоа се оценети како скутери со подобри перформанси. Нов тренд во производството на скутери е вметнувањето на директното вбризгување на горивото (injection) наместо стариот начин со примена на карбуратори.Ваков систем поседуваат моделите Aprilia СР50 Di-tech, Peugeot JetForce TSDI. Перформансите на скутерите се варијабилни и се движат од 2.0 kw па сè до 15 kw кај мани-скутерите. Скутерите под 50cc имаат забрана која е поставена на 45 км/ч. Ретко кој ја почитува оваа забрана па со механичка или електронска поправка на скутерот таа се отфлра. Со фабричките делови, скутерите без забрана достигнуваат брзина од 75 км/ч,но во Италија, Јапонија, Германија, Шпанија и Холандија постојат специјализирани произведувачи на тркачки-делови за скутери кои се инсталираат за да се добие што е можно поголема брзина. Најпознати брендови се Malossi, Polini, Hebo. Најбрзиот скутер под 50cc е конструиран во Германија (марка: Yamaha –YQ 50 Aerox R) со брзина над 150 км/ч.
Закон за управување со скутер
уредиПраво за управување на скутер под 50cc имаат лица кои наполниле 14 години, а за скутер над 50cc е потребна А-лиценца за управување на мотоцикл.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Прв македонски мото портал (македонски)
- Scooter chat, interviews and radio (англиски)
- 2stroke Buzz - Scooter news since 1996 (англиски)
- Scootering Magazine (англиски)
- Scoot!Quarterly magazine (англиски)
- The International Scooterist BBS Архивирано на 1 февруари 2020 г.
- Two-Stroke Smoke Mailing List Архивирано на 20 октомври 2002 г. (англиски)
- Scoot.net Scooter Chat & Photo Galleries Архивирано на 6 февруари 2007 г. (англиски)
- Scooter Help Tech Advice (англиски)
- Vespa and other scooters (англиски)
- IScootNY Scooter FAQ Архивирано на 20 декември 2008 г. (англиски)
- Scooter news, reviews,and commentary (англиски)
- Students Around the world by Scooter Архивирано на 8 јуни 2009 г. (англиски)
- Scooter Club for all Scooterists, social and ride events Архивирано на 11 јануари 2007 г. (англиски)
- Scooter Community with more than 12.000 members Архивирано на 16 јули 2011 г. (англиски)