Скијачко војување
Скијачко војување — израз што се користи за опишување на употребата на борбени единици опремени со скии за време на борба.
Историја
уредиВаков облик на војна првпат бил опишан од данскиот историчар Саксо Граматик во 13 век.[1]
Наполеонови војни
уредиВо раздобјето од 1807 до 1814 година при нападот на Шведска биле користени скијачки трупи составени главно од Норвежани, додека помал дел биле составени од дански војници.
Прва светска војна
уредиЗа време на Првата светска војна, италијанската војска имала 88 таканаречени алпски баталјони, чија главна цел била да се борат во планинските предели. По војната, повеќето од нив биле згаснати. Така, до денес, во служба се само 9 такви полкови, а само 4 од нив (4. Алпски падобрански полк и 5., 6. и 7. Алпски полк) ги обучуваат војниците исклучиво за борба со помош на скии.
Втората светска војна
уредиСкијачките трупи одиграле клучна улога за време на Зимската војна во 1939 година,[2] кога финските скијачки единици и правеле тешки проблеми на војската на СССР. Движејќи се лесно низ шумскиот и непристапниот терен, не им било тешко да ги поразат советските моторизирани бригади. Во најпознатата битка, наречена Битка кај Сомусалми, 11.000 Финци исфрлиле од строј 45.000 советски војници.[3] Поучен од овие искуства, СССР основал неколку скијачки баталјони, кои подоцна биле успешно искористени во контраофанзивата во Битката за Москва во 1941 година.
Во 1940 година, за време на норвешкиот поход норвешките војници биле превезувани главно со скии и санки. Во операцијата „Гунерсајд“ биле користени норвешки командоси, кои се спуштале со падобрани, потоа патувале долг пат на скии и конечно ја уништиле нацистичката фабрика за тешка вода (дел од развојот на нивната ракетна програма) по име Веморк во близина на градот Рјукан.
По северот на Европа, скијачката војна почнала да се применува и во другите делови на завојуваниот свет. Австралиските сили го користат во битките против трупите на Вишиевска Франција во планините на Либан,[4] а подоцна Армијата на САД основала свои скијачки единици под името 10. Планинска дивизија.
Скијачки единици денес
уредиБидејќи тие се покажале како многу корисни низ историјата (тие можеле да поминат исто растојание на терен покриен со снег како коњаницата на нормален терен), скијачките единици се користат и денес. Така, во своите воени единици ги имаат следните земји: Австрија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Индија, Израел, Норвешка, Полска, Романија, САД, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија, а делумно и Обединетото Кралство и Холандија.
Наводи
уреди- ↑ The Danish History Book IX "Finns, who are wont to glide on slippery timbers (snowskates)"
- ↑ „The Winter War 1939“. HistoryLearningSite.co.uk. 2014. Посетено на 14 мај 2015.
- ↑ Chew, Dr. Allen F. (1981) Fighting the Russians in Winter: Three Case Studies Combat Studies Institute pp 18-29
- ↑ Australia's first ski troops by Col. R.W. Savage in Australian Ski Yearbook, 1942. Reprinted in: Bill Beatty. The white roof of Australia. Cassell, 1958. pp. 77-80.