Сиуански јазици
Сиуанските (или сиуанско–катобански) јазици се јазично семејство во Северна Америка чиишто говорници живеат претежно во Големата Низина, со помали заедници на исток.
Сиуански | |
---|---|
Сиуанско–катобански | |
Географска распространетост: | средна Северна Америка |
Класификација: | едно од основните јазични семејства во светот |
Гранки: |
катобански (источни)
сиуански (западни)
|
ISO 639-2 и 639-5: | sio |
Изворната распределба на сиуанско-катобанските јазици |
Име
уредиСтручњаците разликуваат две гранки: западни и источни сиуански јазици, наречени и „правилни сиуански“ и „катобански“ јазици. Други го ограничуваат името „сиуански“ само на западната гранка, а целото семејство го нарекуваат „сиуанско-катобанско“.
Фонологија
уредиВо стручната јавност постојат извесни анализи на сиуанско-катобанските јазици по историско-споредбени методи. Меѓу првите (и најтемелните) дела е она на Волф [1950-51]. Волф го реконструирал гласовниот систем на прасиуанските јазици, со подоцнежни исправки од Метјус (1958). Системот изгледа вака:
уснени | венечни | предно непчени |
задно непчени |
гласилни | |
---|---|---|---|---|---|
избувни | *p | *t | *k | *ʔ | |
струјни | *s | *ʃ | *x | *h | |
носни | *m | *n | |||
приближни | *w | *r | *j |
Реконструирани се и пет усни самогласки /*i, *e, *a, *o, *u/ и три носни самогласки /*į, *ą, *ų/. Волф реконструирал и некои согласни групи /*tk, *kʃ, *ʃk, *sp/.
Односи со другите јазици
уредиМожеби најсроден јазик на ова семејство е изолатот Јучи.
Во XIX век, англискиот линвгист Роберт Латам ја изнел тезата дека сиуанските јазици се сродни на кадоанските и ирокеските јазици. Во 1931, Луис Ален го составил првиот список на систематски совпаѓања во збир од 25 лексички единици од сиуанските и ирокеските јазици. Во 1960-тите и 1970-тите, Волес Чејф поподробно ја истражил врската помеѓу сиуанските и кадоанските јазици. Во 1990-тите Маријан Митан направила споредба на морфологијата и синтаксата на сите три семејства. Денес оваа хипотеза за „макросиуанските јазици“ не се смета за докажана, а сличностите помеѓу овие семејства може да се должат на тоа што нивните прајазици биле во јазичен сојуз.[1]
Наводи
уреди- ↑ Mithun, Marianne. 1999. The languages of native North America. стр. 305. Cambridge, UK: Cambridge University Press.
Библиографија
уреди- Parks, Douglas R.; & Rankin, Robert L. (2001). The Siouan languages. In R. J. DeMallie (Ed.), Handbook of North American Indians: Plains (том 13, дел 1, стр. 94–114). W. C. Sturtevant (Gen. Ed.). Washington, D.C.: Smithsonian Institution. ISBN 0-16-050400-7.
Надворешни врски
уреди- За сиуанските јазици - Sorosoro (англиски)