Сила Блек
Присила Марија Вероника Вајт (анг: Priscilla Maria Veronica White; 27 мај 1943 г – 1 август 2015), позната како Сила Блек (Cilla Black) ― англиска пејачка и телевизиска водителка.
Сила Блек РБИ | |
---|---|
Сила Блек во Амстердам, 1970 | |
Роден(а) | Присила Марија Вероника Вајт 27 мај 1943 Ливерпул, Англија |
Починал(а) | 1 август 2015 Естепона, Шпанија | (возр. 72)
Почивалиште | Ливерпул |
Занимање |
|
Активен период | 1963–2015 |
Сопружник | Боби Вилис (в. 1969; died 1999) |
Деца | 4 |
Поддржана од нејзините пријатели Битлси, Сила својата пејачка кариера ја започнала во 1963 година. Во 1964 година, нејзините песни „Anyone Who Had a Heart“ и „You're My World“ се искачиле на врвот на топ листата во Обединетото Кралство. Од 1964 до 1971 година имала 11 топ 10 хитови на Британската топ листа, и уште осум кои се пласирале во топ 40. Истражувањето од BBC Radio 2, спроведено во мај 2010 година, покажало дека нејзината верзија на „Anyone Who Had a Heart“ бил најпродаван сингл во Велика Британија од женски изведувач во 1960-тите.[1] Песната „You're My World“ исто така била популарна и во САД, и на Billboard Hot 100 се искачила на 26-то место.
Покрај успешната музичка кариера во 1960-тите и на почетокот од 1970-тите, Сила Блек имала сопствена емисија на Би-Би-Си, насловена Cilla (1968-1976). Кратко време глумела во комични играни филмови, а во 1980-тите и 1990-тите била популарна телевизиска водителка. Водела популарни забавни емисии како: Состанок на слепо (Blind Date) (1985–2003), Изненадување изненадување (Surprise Surprise)(1984–2001) и Момент на вистината (The Moment of Truth) (1998– 2001). Во 2013 година, Сила Блек го прославила јубилејот 50 години во шоу-бизнисот. ИТВ, во нејзина чест, на 16 октомври 2013 година емитувала специјална забавна програма насловена The One & Only Cilla Black. Во програмата учествувала и Сила Блек, а водител бил од Пол Огрејди.[2]
Сила Блек починала на 1 август 2015 година (на 72-годишна возраст). Еден ден по нејзиниот погреб, компилацискиот албум The Very Best of Cilla Black се искачил на прво место на топ листата за албуми во Обединетото Кралство и на Новозеландската листа за албуми; ова бил нејзин прв албум на врвот на топ листите.
Дискографија
уреди- Cilla (1965)
- Cilla Sings a Rainbow (1966)
- Sher-oo! (1968)
- Surround Yourself with Cilla (1969)
- Sweet Inspiration (1970)
- Images (1971)
- Day by Day with Cilla (1973)
- In My Life (1974)
- It Makes Me Feel Good (1976)
- Modern Priscilla (1978)
- Especially For You (1980)
- Surprisingly Cilla (1985)
- Cilla's World (1990)
- Through The Years (1993)
- Beginnings: Greatest Hits & New Songs (2003)
- Cilla All Mixed Up (2009)
Книги
уредиАвтобиографии
уреди- Зачекори внатре (Step Inside)(1985), Лондон: Дент ;ISBN 0-460-04695-0
- Низ годините (Through The Years) (1993), Лондон: Издавање на насловни книги
- За што е сево ова? (What's It All About?) (2003), Лондон: Ebury Press ;ISBN 0-09-189036-5
Наводи
уреди- ↑ „Biggest selling chart stars of the '60s“. The Daily Telegraph. 1 June 2010. Посетено на 2 June 2010.
- ↑ „ITV celebrates Cilla's 50 Years in Showbusiness with a TV tribute: 'The One & Only Cilla Black'“. CillaBlack.com. 14 June 2013. Архивирано од изворникот на 25 June 2013. Посетено на 21 June 2013.
Надворешни врски
уреди- Cilla Black at the British Film Institute
- Cilla Black Архивирано на 7 април 2023 г. at aveleyman.com