Сиднејски заливски мост

мост преку Сиднејскиот Залив во Сиднеј, Австралија и знаменитост на градот

Сиднејскиот заливски мост (англиски: Sydney Harbour Bridge) — една од знаменитостите на Сиднеј, Австралија. Мостот го поврзува Сиднејскиот деловен центар (Central Business District, CBD) со Северниот Брег (North Shore).

Сиднејски заливски мост
НосиВозови, возила, пешаци и велосипеди
ПреминуваПорт Џексон
МестоСиднеј, Австралија
Официјален називSydney Harbour Bridge
Особености
Видлак
Вкуп. должина1149 м
Ширина49 м
Висина139 м
Најдолг распон503 м
Потпростор49м
Историја
Отворен19 март 1932
Местоположба
Карта

Прекарот на мостот е „Закачалка“ (the Coathanger) заради карактеристичниот изглед. До 1967 мостот бил највисока градежна конструкција во Сиднеј.

Австралијците доживеале разочарување кога дознале дека мостот Бајоне во САД кој е отворен на 15 ноември 1931 година е за 70 сантиметри подолг од нивниот мост. Иако не е најдолг сепак и понатака е најголемиот мост изграден од челик.

Проектант на мостот бил Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman) кој исто така бил и структурен инженер на мостот Бирченог во Зимбабве па заради тоа мостовите се слични. Распонот на Бирченог мостот изнесува ⅔ од распонот на Сиднејскиот мост.

Ралф Фриман исто така го проектирал и мостот Викториини Водопади на Викториините Водопади.

Надворешни врски

уреди

Камери во живо:

Слики:

( [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%A1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82&params=33_51_08_S_151_12_38_E_region:AU-NSW_type:landmark 33°51′08″S, 151°12′38″E] )