Св. Варвара (Варош)
„Св. Варвара“
| |
Местоположба | 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694°N 21.53250°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Варош |
Општина | Прилеп |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Св. Варвара — средновековна црква, во непосредна близина на црквата Св. Атанас, поточнона околу 150 метра северозападно од неа, со ископувањето во 1964 година од страна на Музејот во Прилеп, откриени се остатоци од црквата Св. Варвара, средновековна црква. Црквата се споменува вошпвелбата на кралот Стефан Душан како црква на манастирот Трескавец и била уште тогаш урната. Во 1964 година се вршени археолошки ископувања од страна на стручни екипи од Музејот во Прилеп. Тоа може да значи дека на просторот на Варош во извесен период од минатото илјадалетие (или порано) егзистирале точно 77 цркви. Co тоа се потврдува и преданието дека секое семејство во Варош поседувало и сопствена црква. Таквиот однос кон христијанството жителите на Варош веројатно го имале пред турското освојување на Балканот и во негови рамки на Македонија. Во тоа време на просторот на Маркови Кули и Варош имало населба со градски одлики, за што недвосмислено говори и преданието за 77 цркви и за поседување сопствена црква на секое од семејствата. Дека големиот број цркви потекнуваат од пред турскиот период говори и датирањето на денешниите цркви, како и оние кои се археолошки потврдени со нивните остатоци. Имено, тие датираат од првите векови на минатиот милениум почнувајќи од XII, па сè до XIV век. Уште повеќе, некои од овие цркви имаат индиции за многу постар датум на светост со поставување постари свети градби, како што се ранохристијанските базилики, но и античките храмови[1],[2].
Поврзано
уреди- Св. Врач — средновековна црква [3].
- Св. Атанас — средновековна црква [4].
- Св Ѓорѓија — средновековна црква
- Бревчина — населба од римското време;
- Заград — населба од железното време;
- Кабања — населба од римското време;
- Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време;
- Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време;
- Куќата на М. Мантов — некропола од бронзеното време;
- Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време;
- Маркови Кули — средновековна тврдина;
- Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време;
- Падарница — некропола од римското време;
- Под Кули — некропола од хеленистичкото време;
- Попадин Дол — некропола од железното време;
- Св. Атанас — осамени наоди од римското време и средновековна населба и некропола;
- Св. Варвара — средновековна црква;
- Св. Врач — средновековна црква;
- Св. Димитрија — осамен наод од римското време;
- Св. Ѓорѓија — средновековна црква;
- Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Петар — осамен наод од римското време;
- Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква;
- Светец — некропола од бронзеното време;
- Сивастоец — средновековна некропола;
- Слон — населба од бронзеното време;
- Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба;
- Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Црква 14 — средновековна црква;
- Црква 15 — средновековна црква;
- Варош;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ 77 ЦРКВИ ВО ВАРОШ КАЈ ПРИЛЕП
- ↑ ПРИЛЕП[мртва врска]
- ↑ „"Маркови Кули"“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2021-03-06. Посетено на 2020-07-08.
- ↑ Св. Атанас
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |