Санта Лусија (Зелен ’Рт)

Санта Лусија е остров на архипелагот Барлавенто од Зеленортските Острови лоциран помеѓу Сао Николау и Сао Висенте, каналот Санта Лусија го дели островот Сао Висенте и е 8 км широк. Површината е 34,2 км2. Како и сите острови на Зелен ’Рт, тој е од вулканско потекло. Највисоката точка е Топона (395 метри). Островот Санта Лусија е 12,4 км долг и 5,3 км широк.

Санта Лусија
Карта
Географија
МестоАтлантски Океан
Координати16°45′41″N 24°44′38″W / 16.76139° СГШ; 24.74389° ЗГД / 16.76139; -24.74389
АрхипелагЗелен ’Рт
Површина34,2 км2
Должина12,4 км
Ширина5,3 км
Највисоко место395 м
Највисока точкаТопона
Држава
Демографија
Население0
Густина0 /km2 (0 /sq mi)
Островот Санта Лусија (Зелен ’Рт), воздушен поглед на северниот дел во 1999 година
Поглед на островот Сао Висенте свртен кон Калхау и Монте Верде. Лево е островот Санто Антао.

Административно не е дел од ниту една општина, туку е во јавна сопственост на покраината Зелен ’Рт. Санта Лусија е на пробниот список на светско наследство на УНЕСКО. Како природен резерват Санта Лусија е прогласена во 1990 година. Природниот резерват опфаќа 469 километри квадратни од океанот.

Островот никогаш немал постојани жители, а се користел за пасење животни.[1] Во 20 век била изградена метеоролошка станица. Денес, рибарите од блиските острови Сао Висенте и Санто Антао ловат риба во водите околу островот.

Наводи

уреди
  1. Armand d'Avezac; и др. (1848). „Sainte-Luce“. Îles de l'Afrique. Paris: Firmin Didot Frères. стр. 213–214.

Надворешни врски

уреди