Саат-кула
Саат-кула или часовничка кула — архитектонска градба во европските градови кои биле под власта или влијанието на Османлиското Царство. Саат-кулите биле градени најчесто во европскиот дел на Османлиското Царство, особено во Босна и Херцеговина. Саат-кулата претставува османлиска варијација на западноевропскиот облик на камбанарија. Саат-кулите биле градени со големи часовници, обично на сите четири страни, за што поголем број жители да можат да го читаат времето. Главно биле градени недалеку од џамиите и често биле дел од поголем урбан комплекс кој покрај џамиите имал и амами, шадрвани и занаетчиски работилници. Саат-кулата претставувала значаен архитектонски објект во класичната османлиска организација на градот кој го означувал средиштето на економско развиената средина.
Саат-кули во Македонија
уредиЗачувани оригинални саат-кули:
- Саат-кула - Скопје
- Саат-кула - Битола
- Саат-кула - Охрид
- Саат-кула - Прилеп
- Саат-кула - Гостивар
- Саат-кула - Свети Николе
Кули-стражарници:
Разурнати саат-кули:
- Саат-кула - Стар Дојран
- Саат-кула - Неготино
- Саат-кула - Тетово
- Саат-кула - Кичево
- Саат-кула - Крива Паланка
- Саат-кула - Радовиш
- Саат-кула - Ресен
- Саат-кула - Струга
- Саат-кула - Куманово
- Саат-кула - Дебар
Саат-кули камбанарии:
Саат-кули во Босна и Херцеговина
уредиВо периодот на османлиска управа во Босна и Херцеговина била изградена 21 саат-кула:
- Саат-кула - Бања Лука (првата саат-кула во Босна и Херцеговина, срушена во 1993 година)
- Саат-кула - Доњи Вакуф
- Саат-кула - Фоча
- Саат-кула - Грачаница
- Саат-кула - Градачац
- Саат-кула - Горњи Вакуф
- Саат-кула - Јајце
- Саат-кула - Ливно
- Саат-кула - Маглај
- Саат-кула - Мостар
- Саат-кула - Невесиње
- Саат-кула - Почитељ
- Саат-кула - Прозор
- Саат-кула - Прусац
- Саат-кула - Сараево
- Саат-кула - Столац
- Саат-кула - Тешањ
- Саат-кула, Мушала - Травник
- Саат-кула, Горна Чаршија - Травник
- Саат-кула - Требиње
- Саат-кула - Вратник, Сараево (изградена во 1874 година од дрво, па срушена заради нестабилност и опасност од рушење)