Рударење на сол

(Пренасочено од Рудник за сол)

Рударење на сол — извлекување на природните наслаги на сол од под земја. Ископуваната сол е обично во облик на халит (попозната како камена сол) и извлечена од испарувачки формации.[1]

Модерен рудник за камена сол во близина на планината Морис, Њујорк
Регионот на Кристалната долина на рудниците за сол Кевра во Пакистан. Со околу 250.000 посетители годишно, местото е главна туристичка занимливост.
Мала џамија направена од солени тули во комплексот на рудниците за сол Кевра.
Опрема за дупчење големи дупки во рудникот за сол Хајгерлох-Стетен

Историја

уреди
 
Диорама на подземен рудник за сол во Германија.
 
Во Салина Вече, во Сланиќ, Прахова, Романија. Оградата (долната средина) му дава на гледачот идеја за обемот.

Пред појавата на модерниот мотор со внатрешно согорување и опремата за пренос на земја, рударењето сол била една од најскапите и најопасните зафати поради брзата дехидрација предизвикана од постојан допир со солта и други проблеми предизвикани од случајно прекумерно внесување на натриум. Солта денес ја има во изобилство, но до Индустриската револуција било тешко да се дојде до неа, а често ја ископувале робови или затвореници. Очекуваниот животен век на рударите бил низок.

Најраниот пронајден рудник за сол бил во Халштат, Австрија каде се ископувала сол, почнувајќи од 5000 година пр. н. е.[2]

Со оглед на тоа што солта е животна потреба, прединдустриските влади вообичаено сакале да вршат строга контрола на нејзиното производство, често преку непосредна сопственост на рудниците. Со оглед на тоа што собирањето на даноците барало соработка на повисоките класи, сопственоста на рудниците за сол можела да им обезбеди на монарсите вносен извор на приход за кој не требало да се потпираат на добрата волја на другите слоеви на општеството, како што било благородништвото. На пример во 14 век, полскиот крал Казимир Велики се потпирал на рудниците за сол за повеќе од една третина од својот приход.

Древна Кина била меѓу најраните цивилизации во светот со ископување и трговија со сол.[3] Тие првпат откриле природен гас кога ископувале камена сол. Кинескиот писател, поет и политичар Џанг Хуа од династијата Џјин во својата книга Бовуџи како луѓето во Зигонг, Сечуан, ископувале природен гас и го користеле за да варат раствор од камена сол.[4] Старите Кинези постепено ги совладале и унапредиле техниките на производство на сол. Ископувањето сол била напорна задача за нив, бидејќи се соочиле со географски и технолошки ограничувања. Солта се вадела главно од морето, а работите на добивање сол во крајбрежните области во доцната царска Кина била еднаква на повеќе од 80 проценти од националното производство.[5] Кинезите ја искористиле природната кристализација на солените езера и изградиле некои вештачки басени за испарување блиску до брегот.[3] Во 1041 година, за време на династијата Сонг, бунар со пречник приближно колку чинија и длабок неколку десетици стапки бил пробиен за производство на сол.[4] Во југозападна Кина, природните наслаги на сол биле ископани со дупки кои можеле да достигнат до длабочина од повеќе од 1.000 м, но приносите на сол биле релативно ниски.[5] Рударењето на сол одиграла клучна улога како еден од најважните извори на приходи на царската кинеска влада и развојот на државата.[5]

Повеќето модерни рудници за сол се приватно управувани или управувани од големи мултинационални компании.

Наводи

уреди
  1. „Oilfield Glossary: Term 'evaporite'. Glossary.oilfield.slb.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 2012-02-13.
  2. Kern (2009). Kingdom of Salt: 7000 Years of Hallstatt. Vienna: Natural History Museum. ISBN 9783903096080.
  3. 3,0 3,1 Harris, Peter (2017). Studies in the History of Tax Law. 8. Hart Publications (објав. August 10, 2017). стр. 518. ISBN 978-1509908370.
  4. 4,0 4,1 Deng, Yinke (2011). Ancient Chinese Inventions. стр. 41. ISBN 978-0521186926.
  5. 5,0 5,1 5,2 Höllmann, Thomas O. (2013). The Land of the Five Flavors: A Cultural History of Chinese Cuisine. Columbia University Press (објав. November 26, 2013). стр. 33. ISBN 978-0231161862.

Надворешни врски

уреди