Референдум во Општина Гевгелија (2017)
Референдум во Општина Гевгелија (2017) — референдум на територијата на општина Гевгелија одржан на 23 април 2017 година. Право на глас имале 19.458 жители кои гласале на 37 избирачки места.[1]
| ||||||||||||||||||||||
Дали сте за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на Општина Гевгелија? | ||||||||||||||||||||||
Местоположба | Општина Гевгелија | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Исход | ||||||||||||||||||||||
|
На овој референдум гласачите со „За“ и „Против“ се изјаснувале по прашањето:
„Дали сте за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на Општина Гевгелија?“[2][3][4]
Иницијативата за референдумот била поднесена од страна на здружението „Спас за Гевгелија“.[5]
На референдумот гласале 13.384 или 68,78% од гласачкото тело, со што бил надминат цензусот од 50% за референдумот да биде успешен. Од важечките ливчиња, 98,84% биле „против“ отворање на рудници.[6]
Заднина
уредиВо изминатите четири години меѓународни компании добиле концесии од Владата за детални геолошки истражувања на две локации во Општина Гевгелија, „Конско“ и „Коњска Река“, на самите падини на планината Кожуф.[7]
Според геолозите во оваа област постои жила со руда за добивање на бакар и злато. Еколозите, пак, предупредуваат дека отворање на такви рудници во овој дел ќе значи загадување на воздухот со прашина од арсен, талиум и сулфурни киселини, загадување на воздухот, загадување на почвите, а целиот крај живее од земјоделство.[7]
Иницијативата „Спас за Гевгелија“ започнала со своите активности за организирање на референдумот против отворањето на рудниците за злато во текот на февруари 2017 година, со цел да не се дозволи отворање на самите рудници по отпочнатите детални геолошки испитувања.
Закажување
уредиДатумот за одржување на референдумот на 23 април бил одреден од страна на Државната изборна комисија, веднаш откако на вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија бил едногласно прифатен. Советниците изјавиле дека на планината Кожуф не постојат никакви услови за отворање рудници на злато и побараа граѓаните на општина Гевгелија масовно да излезат на референдумот и со својот глас „против“ да го заштитат здравјето на идните поколенија и природните убавини на Кожуф.[8]
Подготовки
уредиПотребните списоци и гласачки ливчиња ќе ги изготви Општинската изборна комисија. Воедно било договорено да бидат изработени големи билборди, летоци и плакати. Покрај тоа, било одлучено градоначалникот Иван Франгов и советниците уште од денеска да ја почнат кампањата за информирање на жителите на општината со цел референдумот да биде успешен.[8]
Реакции
уредиПред референдумот
уредиПартијата Демократска обнова на Македонија ги повикала граѓаните на Гевгелија на закажаниот референдумот да ја отфрлат идејата за отворање на рудниците за злато. Партијата сметала дека било некоректно што се распишало референдумот за вака значајна тема без претходно, како што навеле, чесно и целосно информирање на граѓаните за суштината на работата на рудниците. Изјавиле дека „граѓаните не треба да бидат измамени од сјајот на златната треска што се најавува за нивниот регион“.[9]
По референдумот
уредиАнгел Наков, претседател на здружението „Спас за нас“, вели дека не се ни сомневал дека резултатот ќе биде поинаков, а по референдумот, прашањето за двата рудници на Кожуф е затворено, но отворени се прашањата за другите рудници кои постојат во југоисточна Македонија.
Исход
уредиСо донесената одлука на референдумот од страна на убедливото мнозинство на граѓани, на ред е Советот на општината, кој треба да ја спроведе оваа одлука на граѓаните. Според Законот за минерални суровини, каде неопходна е согласност од локалната самоуправа, со рефендумот не се исполни овој критериум. Со тоа не смее да биде отворен рудникот „Конско“ на планината Кожуф, кој бил планиран од канадската компанија „Невсан“. Одлуката според Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување се смета за задолжителна.[3]
Наводи
уреди- ↑ Референдум во Гевгелија[мртва врска] A1on.mk (23 април 2017)
- ↑ „Гевгеличани ќе се изјаснат „За" или „Против" рудник за злато“. Дневник. Скопје. 9 април 2017. Посетено на 25 април 2017.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 „Гевгеличани одлучија, на ред е Советот на општината“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 24 април 2017.
- ↑ Н., С. (24 април 2017). „Граѓаните на Гевгелија на референдум кажаа „не" за отворање рудници за злато во нивната општина“. Утрински весник. Скопје. Архивирано од изворникот на 2017-04-25. Посетено на 25 април 2017.
- ↑ Во Гевгелија ќе има референдум „за“ или „против“ рудници за злато Архивирано на 2 мај 2017 г. MKD.mk (17 март 2017)
- ↑ Гевгеличани скоро стопроцентно изгласаа „не“ за рудници на Кожуф Архивирано на 28 јануари 2022 г.. SDK.mk. 24 април 2017.
- ↑ 7,0 7,1 „Гевгелија утре на референдум - за или против рудниците“. Нова Македонија. Скопје. 22 април 2017. Посетено на 24 април 2017.
- ↑ 8,0 8,1 „Во Гевгелија референдумот за отворањето на рудници за злато“. Нова Македонија. Скопје. 7 април 2017. Посетено на 24 април 2017.
- ↑ „ДОМ повика гевгеличани да ја отфрлат идејата за отворање рудник за злато“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 24 април 2017.