Ресник
Ресник или конопљика (латински: Eupatorium cannabinum) — повеќегодишно растение од семејството главоцветни.
Ресник | |
---|---|
Ресник во Холандија | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Eupatorium |
Вид: | Ресник |
Научен назив | |
Eupatorium cannabinum L. | |
Синоними[1] | |
Синоними
|
Опис
уредиРесникот е повеќегодишно зељесто растение високо до 1,5 метар. Расте на влажни места, покрај шуми, покрај патишта, ниви и потоци. Стеблото е исправено со многу листови и со кратки влакненца, прстесто разгранети, на лице светлозелени, а на опачината темни и со влакненца. Цветовите се ситни и имаат црвенкаво виолетова боја, кои на врвот обликуваат густ цвет кој по прецутувањето се претвора во облик на реса. Ресникот цвета од јуни до септември.[2][3]
Состав
уредиРесникот содржи: есенцијално масло, смола, фосфат, калциум оксалат, калиум нитрат, силициумска киселина, еупаторин и инулин. Се користат: листот, цветот и коренот. Листот и цветот се собираат во мај, јуни, јули во август, а коренот во септември, октомври, ноември.
Употреба
уредиВо народната медицина чај од ресник се употребува како билка од која забременуваат жените и како билка против холестеролот во крвта. Исто така, се употребува и за болести на жолчката и црниот дроб, хепатит, жолтица и против грозница, холестерол во крвта, за грип, го скратува траењето на грипот и го намалува бројот на смртни случаи при епидемии. Надворешно, се користи за рани кои тешко се лекуваат и тумори. При користење на ресник се препорачува болниот да биде под контрола на лекар. Кај народот се смета дека жените кои пијат чај од ресник раѓаат многу деца и затоа се користи против женски стерилитет и за внатрешни крвавења од секаков вид.[2][3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ The Plant List, Eupatorium cannabinum L.
- ↑ 2,0 2,1 „РЕСНИК – EUPATORIUM CANNABINUM (КОНОПИЉКА)“. Мариово. Архивирано од изворникот на 2022-02-27. Посетено на 28 март 2022.
- ↑ 3,0 3,1 Бошковски, Божидар. Новаци.мк. Отсутно или празно
|title=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help)
Литература:
уреди- Драгослав Животиќ и Драгана Животиќ, Прирачник за собирачи на растенија
Надворешни врски
уреди- Ресник - конопљика Архивирано на 27 февруари 2022 г.