Раечка Котлина
Раечка Котлина или Тројачка Котлина, позната и само како Раец — котлина и историско-географска област во јужна централна Македонија. Областа граничи помеѓу планините Бабуна на север, Дрен на југ, преку Тиквешијата на исток (со потпределот Горни села) и Прилепско поле на запад (поточно преку прилепските полски села Плетвар и Крстец).
Низ неа води патот кој ги поврзува централните делови на земјата со југозападните. Котлината е долга околу 10 км, а широка 5 км и има облик налик на банана. Низ котлината протекува Раечка Река, која ги собира водите на неколку други помали притоки.
Во областа се наоѓаат селата: Фариш, Раец, Кесендре, Голем Радобил, Мал Радобил, Царевиќ, Смолани, Дрен, Беловодица, Топлица, Тројаци, Ракле и Никодин.[1] Овие села не се наоѓаат во рамничарскиот дел, туку тие се под височините и затскриени во шумските комплекси. Така, рамничарскиот простор изгледа пуст.
Галерија
уреди-
Панорама на областа
-
Течението на реката Раец
-
Јужната падина на планината Бабуна
Наводи
уреди- ↑ Радовановић, Војислав. Тиквеш и Рајец. стр. 220 (карта на тиквешкиот и раечкиот крај).