Радомир (врв)
Радомир (старо: Калабак[2]; бугарски: Радомир, грчки: Καλαμπάκα, Калабака) — највисок врв на планината Беласица. Висок е 2.029 м[1] и се наоѓа во Петричко, на самата границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија.
Радомир | |
---|---|
Калабак | |
Поглед на Радомир од североисток | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.029 м [1] |
Координати | 41°19′17″N 23°7′14″E / 41.32139°N 23.12056°E |
Друго име | Калабак |
Географија | |
Место | Петричко и Демирхисарско (денес во Бугарија и Грција) |
Област | Пиринска / Егејска Македонија |
Матичен венец | Беласица |
Местоположба
уредиВрвот е сместен 9 км југозападно од градот Петрич. Се издига на главното планинско било, западно од врвот Дебело Брдо и источно од врвот Лозен. Има пирамидален облик со многу стрмни падини на запад и југ. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвите околу него се планинско-ливадски и кафеави шумски, а покриен е со подалпската тревна растителност. По билото поминува државната граница меѓу денешна Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 24.
Име
уредиСè до 29 јуни 1942 г. врвот го носел името Калабак, кое и денес се користи меѓу мештаните. Новото име му е дадено во чест на македонскиот цар Гаврил Радомир.
Патеки
уредиГлавни пристапи за искачување на планината се градот Петрич (6 часа), селото Димидово (денес Самуилово, 5 часа), и планинарските домови „Лопово“ (2 часа), „Конгур“ (3 часа) и „Беласица“ (4,5 часа) од бугарска страна, како и селото Мандраџик (6 часа) од грчка страна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Беласица“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 107. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 179. ISBN 978-954-398-401-5.
Надворешни врски
уреди„Радомир (врв)“ на Ризницата ? |
- Слики од Радомир Архивирано на 22 декември 2015 г.
- Радомир — PeakBagger (англиски)