Протеазен инхибитор
Протеаза инхибитори се лекови кои вршат инхибиција на ензимите кои вршат разложување на белковините. Овие лекови се користат во терпаијата на ХИВ/СИДА и хепатитис C. Овие протеаза инхибитори ја инхибираат вирусната репликација преку селективно врзување за вирусните протеази (на пр. ХИВ-1 протеаза) и вршат блокирање на разложувањето на белковинските претходници кои се неопходни во создавањето на вирусни честички.
Протеаза инхибитори кои се користат во клиничката пракси се:
- Антиретровирусни ХИВ-1 протеаза инхибитори—наставка –навир[1]:23
- Хепатитис C вирус NS3/4A протеаза инхибитори—наставка –превир[1]:26
Со оглед на специфичноста на целта на овие лекови, постои ризик, како и кај антибиотиците, за развој на лек-резистентни мутирани вируси. За да се намали овој ризик, вообичаено е да се користат повеќе различни лекови истовремено, кои се насочени кон различен таргет.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The Use of Stems in the Selection of International Nonproprietary Names (INN) for Pharmaceutical Substances“ (PDF). World Health Organization. Посетено на 5 November 2016.