Прокна
Прокна (грч. Πρόκνη) не е многу значајна фигура во старогрчката митологија. Таа е ќерка на атинскиот крал Пандион, жена на тракискиот крал Тереј.
Митологија
уредиПрокна влегла во митовите заради својата сурова освета кон сопругот Тереј. Бидејќи тој се вљубил во нејзината сестра Филомела, таа го убила сина си, омилениот на Тереј, и му го сервирала месото да го изеде.[1]
Наводи
уреди- ↑ Војтех Замаровски, Јунаци на античките митови, Лексикон на грчкaта и римскaта митологијa, Загреб 1985, стр. 286.
„Прокна“ на Ризницата ? |