Преторијански префект
Статијава е дел од темата: Римска војска (Портал) | |||
Структурна историја | |||
Војска (видови единици и рангови, легии, генерали) | |||
Морнарица (флоти, адмирали) | |||
Походна историја | |||
Листи на Војни и Битки | |||
Одликувања и Казни | |||
Технолошка историја | |||
Воено инженерство (кастри, опсадна машинерија, арки, патишта) | |||
Лична опрема | |||
Политичка историја | |||
Стратегија и тактика | |||
Пешадиска тактика | |||
Граници и утврдувања (Лимес, Адријанов ѕид) |
Преторијански префект (лат. Praefectus praetorio) била постојана титула на висока функција во римската држава чие значење во голема мерка се менувало низ вековите.
Командант на преторијанската гарда
уредиПреторијанскиот префект бил командант на Преторијанската гарда сè до царот Константин I кој ја укинал во 314. Преторијанските префекти продолжиле да бидат назначувани сè до времето на Хераклиј, но самата функција се променила во глава на граѓанската и правосудната администрација на царството.
За време на царството претоиријанците (царска гарда) биле командувани од еден, два или три префекти (praefecti praetorio), кои биле биле бирани од царот и свикувани од редовите на витезите. Тој можел да ги отпушта и менува во било кое време по своја волја. Од времето на Александар Север оваа позиција била отворена и за сенаторите, а и доколку еден витез биде назначен, тој автоматски влегувал и во сенатот. Сè до времето на цар Константин, кој ѝ го одземал воениот карактер на оваа функција, префектурата на гардата секогаш му припаѓала на докажан војник, често од оние кои по пат на воени подвизи се искачувале по офицерските рангови. През времето оваа функција командувала сите војници во Италија освен корпусот на градскиот префект (cohortes urbanae).
Специјалната функција на Преторијанците им давала најмногу моќ во рамките на римската држава, а нивниот префект, praefectus praetorio, бил еден од најмоќните луѓе во државата. Иако царевите секогаш се обидувале да се додворуваат на Преторијанците, овие сепак режирале пучеви и често ги менувале царевите по своја волја. Така, Преторијанците ја дестабилизирале римската држава, наспроти нивната првобитна функција. Во доцното царство Преторијанскиот префект станал главна административна фигура во државата, кога оваа позиција ѝ дала на еден поединец функцијата главна команда на генералштабот, со директна команда врз гардата исто така. Диоклецијан значително го намалил авторитетот на овие префекти како дел од неговата голема реформа на административните и воени структури на царството.
Список на познати Преторијански префекти
уредиТранформација во администратор
уредиПонатаму, покрај воените функции, преторијанскиот префект се здобил со криминална јурисдикција, во рамките на која тој не бил делегат, туку како претставник на царот, и затоа царот Константин прогласил 331 пресудите на еден преторијански префект не се подложни на апел. Пред времето на Септимиј Север преторијанскиот префект имал слична јурисдикција врз случаите опфатени од граѓанското право. Затоа познавање на правото била квалификација за функцијата, која за време на Марко Аурелиј и Комод, но особено за време на Север, им припаѓала на врвните правници во тоа време , (на пр. Папинијан, Улпијан, Паул) и Јован Кападокиецот, додека воените квалификации сè повеќе станувале позадински. За времето на Константин функцијата магистер милитум сосема го отстранила воениот карактер на преторијанскиот префект; но истата останала највисоката граѓанска функција во царството.
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)