Портал:Спорт
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
СПОРТ
Спорт е поим под кој се подразбира нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за индивидуална (или тимска) вештина или способност.
Избрана статија
Гимнастика — спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини.
Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.
Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од миноската култура многу мажи и жени започнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух. Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот цар Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.
Прочитајте повеќе...Дали знаете...
- ... дека првите Панамерикански игри се одржани во Буенос Аирес во 1951 година?
- ... дека фудбалската репрезентација на Бразил никогаш не го освоила златниот медал на Олимписките игри?
- ... дека спортовите ракомет, кошарка, ватерполо и шах се единствените тимски спортови во кои репрезентацијата на Македонија учествувала на некое големо натпреварување?
- ... дека женската кошаркарска репрезентација на Советскиот Сојуз на 22 учества на Европските првенства освоила 21 златен и 1 сребрен медал?
- ... дека Кошаркарскиот тим од НБА лигата Бостон Селтикс има освоено најголем број на титули (17)?