Портал:Англија
Портал „Англија“
Англија (англ. England) е земја во северозападна Европа, најголемата по површина и број на жители составна територија на Обединетото Кралство, со повеќе од 83% од вкупното население во државата. Ги зазема речиси целите јужни две-третини на островот Велика Британија, а копнено се граничи со Шкотска на север и Велс на запад.
Англија нема формална влада и устав од времето на Унитарниот Акт од 1707, со кој Кралството Англија и Кралството Шкотска се обединиле, и го формирале Кралството Велика Британија.
Главен град е Лондон. Истиот е главен град и на сето Обединето Кралство. Знамето на Англија е крстот на Св. Ѓорѓија, кој е исто така светец-патрон на земјата, а Ѓурѓовден, кој паѓа на 23 април е традиционално национален ден на Англија.
Англичаните имаат дадено значајни придонеси кон светската уметност и наука.
Одбрана статија
Одбрана слика
Бродвејската кула е каприц во селото Бродвеј, Вустершир, на една од највисоките точки на ридската верига Котсволдс. Местото се издига на 312 метри надм. височина, а самата кула е висока 17 метри. При ведри услови од покривот на кулата можат да се забележат дури 13 грофовии.
Одбрана биографија
Одбрани мисли
„ | Немојте да ве водат во заблуда спомените од младоста кога, на Континентот, сакајќи да опишете особено неинтересен човек, велевте: „Тој е тип што ќе разговара со тебе за времето“. Во Англија ова е постојано интересна, дури и мошне возбудлива тема, и мора да ве бидува за дискутирање на времето. | “ |
Теми
Поврзани портали
За Англија на другите проекти