Полошко
Полошко — историско село во Кавадаречко Мариово, чиј атар денес е поделен на селата Бегниште (селото) и Праведник (манастирот). Селото било најпознато по Полошкиот манастир. Селото се наоѓало во источниот дел на Мариово, на десниотбрег на реката Црна.
Полошко | |
Координати 41°20′37″N 21°57′59″E / 41.343712° СГШ; 21.966325° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Полошко на општинската карта Атарот на Полошко во рамките на општината | |
Полошко на Ризницата |
Историја
уредиВо дарението од Константин Драгаш на манастирот Св. Пантелејмон-Росикон на Света Гора од 1370-тите, селото било вклучено во него заедно со својот манастир.[2] Во XIX век Полошко бил чифлик во Рожденска нахија (Мариово) на Тиквешка каза на Османлиското Царство. Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ е наведено дека во 1873 г. Подлошко (Podloschko) имало 15 домаќинства и 78 жители.[3] Според статистиките на бугарот Васил К’нчов од 1900 година Полошко имало 12 жители.[4] По создавањето на вештачкото Тиквешко Езеро во 1964 - 1968 година, селото целосно било потопено, од кое останал само Полошкиот манастир, до кој се стигнува само по воден пат.
Родови
уредиПолошко било македонско село, но денес иселено.
Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.
- Доселеници: Кајчевци (1 к.), Мурувци (1 к.), Аџи-Јановци (1 к.), Ичковци (1 к.) Ваневци со Марандевци и Деловци (5 к.), Ачковци (1 к.), Цебовци (2 к.), Биндевци (3 к.) и Трпановци (1 к.) сите биле доселени во 1916 година од мегленското село Зборско.[5]
- Цркви[6]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - главна манастриска црква на Полошкиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Полошко I — населба од доцноантичко време;
- Полошко II — населба од доцноантичко време;
- Полошки Манастир — населба од доцноантичко време;
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 33
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
- ↑ [Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.]
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069