Петре Наковски (Крчишта, Костурско, 17 јули 1937) — македонски романописец, преведувач и дипломат.[1][2]

Животопис

уреди

Наковски е роден на 17 јули 1937 година во с. Крчишта, Костурско, Егејска Македонија. Педагошки лицеј завршил во Полска, а Филолошки факултет во Скопје. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“. Работел во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Бил амбасадор на Република Македонија во Република Полска. Член на ДПМ од 1989 година.

Творештво

уреди

Автор е на романите:[3]

  • Постела за чемерните (1985),
  • И каменот е земја (1988),
  • Големата удолница (2003),
  • Големата измама(2007),
  • На пат со времето (2010)
  • На патот кон невратот (2020)

и истражувачките дела:

  • Македонски деца во Полска 1948-1968 (докторски труд, 1987), и
  • Македонските бегалци во Полска 1948-1975

Награди и одликувања

уреди

Добитник е на наградите:

  • „Златно перо“,
  • „Награда на полските автори“

И полските одликувања:

  • „Златен медал за заслуги за полската култура“ и
  • „Златен орден на командоријата“.

Наводи

уреди
  1. „Членови на ДПМ“. ДПМ. Посетено на 8 декември 2024.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 172.
  3. „„НА ПАТ СО ВРЕМЕТО". Македонска нација. 17 април 2011. Посетено на 8 декември 2024.

Надворешни врски

уреди