Петре Алчев

Ова е објавената верзија, проверена на 8 февруари 2025. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Петре Алчев, исто така познат и како Петар Алчев (Раштани, 1880Велес, 21 ноември 1956) — македонски политичар и општественик, деец на Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Градоначалник на Велес меѓу 1920 и 1921 година пред да даде отставка. Учесник во народната ослободителна борба.[1]

Петре Алчев
Градоначалник на Велес
На должноста
септември, 1920 – 11 јануари, 1921
Премиер Миленко Весниќ
Никола Пашиќ
Претходник Ѓорѓи Зографски
Наследник Јовче Џипунов
Лични податоци
Роден(а) 1880
Раштани, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починал(а) 21 ноември 1956(1956-11-21) (возр. 75–76)
Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ
Народност Македонец
Партија Комунистичка партија на Југославија (1910-1943)
Комунистичка партија на Македонија (1943-1956)

Животопис

уреди

Петар Алчев е роден во 1880 година во велешкото село Раштани, тогаш дел од Отоманското Царство. Според некои наводи тој потекнува од маалото „Крајот“ во периферијата на стариот дел на градот Велес, истото мало каде што се роди и социјалистот Александар Мартулков.[2] Според Страхил Гигов, тие биле соседи од истото маало.[3] За основно образование тој учи во неговото родно село и за средно образование се преселува во Велес за да се образува во велешката гимназија. После неговото образование тој се вработува како столар. Во 1910-тите Алчев се ориентира кон социјализмот и учествува во нејзиното движење, се вклучува во Комунистичката партија на Југославија и е водечки член на велешкиот оддел на партијата.[1]

Градоначалник

уреди

Во 22 август 1920 година почнале избори за градоначалници низ Кралството Југославија. Во Велес три партии биле кандидати, Комунистичката партија на Југославија, Српската радикална партија и Демократската партија. Последните две не го признале постоењето на македонски идентитет и во нивните кампајни се обидиле да добијат подршка од велешката буржоазија, кој за да си ги воздржат нивните привлегии ја прифатиле српската пропаганда во Македонија. Радикалната партија остро ги критикувала комунистите и при изборите дале наредба да се преместат просоцијалистички работници во соседни градови или села за да немале подршка социјалистите. Во весникот „Социјалистичка зора“ се наведува таков пример со работникот Михајло Ивеш, кој бил сместен во Ќуприја заедно со неговото семејство.[4]

При изборите се воделе силни агитаторски дејства од сите три партии. Во изборите можеле само да гласат машки над 18 годишна возраст. Во последните денови пред изборите српските партии оставиле соопштенија и ливчиња низ градот кои во вид биле српска пропаганда. Според тогашните услови во Југославија, за да се учествувало во изборите партијата требало да имаат предвремено одобрен список на кандидати од општинскиот суд. Во изборите учествувале и велешките села кои гласале за нивниот кмет. Во самиот град имало три избирачки места, една во велешката населба Дворови, една во црквата св. Ѓорѓи и третата била лоцирана во основното училиштето Св. Кирил и Методиј во населбата Мегдан и Којник.[4]

Во списокот на Комунистичката партија на Југославија, одобрена од општинскиот суд, има 1 градоначалник, 3 кметови и 37 одборници. Нивниот номинар градоначалник е Петре Алчев, трите кметови биле Никола Цураков, Јанко Шоптрајанов и Јовче Џипунов — кој служел и како заменик градоначалник после отставката на Алчев. 37 одборници биле: Тихомир Јефтиќ, Милан Андов, Ѓошо Здравев, Киро Јосифов, Димче Крајничанец,[5] Никола Страчков, Борис Ковач, Петре Кралето, Дончо Мирчев — градоначалник на градот после нејзиното ослободување, Уста Ариф, Крум Гајдов, Јордан Шурков, Милан Ракиџиев, Мишев, Јаманди Алчев, Онче Васков, Симон Виларов, Ордан Карапетров, Тоде Јурлиев, Алексо Бабајанин, Тоше Коланданов, Левко Николов, Лазо Пешов, Петре, Караколев, Коле Чиклуиев, Ангел Шурков,[6] Гело Грдчанац, Милан Дилкин, Трајче Самсаров, Јовче Нешков, Арсо Палашев, Ѓоре Варналиев, Алексо Аџиристов - Аџијата, Петре Стојанов, Пане Николов, Кузман Кантарџиев и Диме Дураков.[4]

Изборите биле голем пораз за српските партии во градот, од 1.933 гласачи во изборите, комунистичката партија на Југославија добила 1.286 гласачи (или 66.5% од гласачите) додека српската Демократска партија доби 582 (или 30.1% од гласачите) и Радикалната партија доби само 66 гласачи (или 3.4% од гласачите). Новоизбраните одборници, пред превземањето на своите задолженија, морале да испочитуваат една традиција: да положат јавна заклетва пред свештено лице во црквата Св.Пантелејмон. Во весникот „Социјалистичка зора“ поради победата на комунистичката партија, градот го добил прекарот „Црвена комуна“ во чест на француската црвена комуна во 1880-тите. Во една статија во весникот „Социјалистичка зора“ велешките социјалисти истакнале:[4]

Велес го доби името „Црвена комуна“. Не е повеќе оној Велес во кој народот молчеше и смирено проаѓаше покрај власниците. Денеска работниот народ се осеќа посмел, тој повеќе не се огледува и не е плашлив и недоверлив, Гледа со посмели очи и горд е што ја покажува својата свест и својата цврстина. За него повеќе општинската кука не е страв и трепет, во која ќе го повикаат да трепери.
Ако пак ги погледнете довчерашните властодршци ќе видите пригушен гнев и прикриено шепотење. Tиe се мртви, тие не се слушаат, тие во самотта размислуваат за својата пропаст и спремаат планови како на комунистите ќе им се осветат. Но нека знаат дека ние сме готови својот успех да го браниме со сите средства. Победата на црвените комунисти во Велес ја извојуваа другарите работници, земјоделци и занаетчии. За буржуаските партии гласаа само газдите, чиновниците и несвесната турска маса.

Под администрацијата на Алчев градот доживеал големи проблеми, тогашната југословенска не била задоволна со резултатите на изборите и пробале да ја саботажираат администрацијата на Алчев. Новоизбраната власт создала една вистинска општа слика за тоа како би изгледала народна власт. Алчев сериозно си ја сфатил задачата и успешно го развил градот. Но поради внатрешниот притисок од кралот и премиерот на Југославија и постојаните критики и поплаки од други српски политичари Петре Алчев евентуално даде отставка во 11 јануари 1921 го наследил неговиот секретар Јовче Џипунов кој формирал преодна влада пред да го преместил Димитар Коробаровиќ.[4][7] Алчев е еден од основачите на весникот „Социјалистичка Зора“.[1]

Последни години

уреди

После неговиот мандат тој се изолира од политичките дејства за неколку години. Во 1930-тите продолжува да ги подржува социјалистите. За време на бугарската фашистичка окупација на градот Алчев се приклучува во Бугарскиот акционен комитет бидејќи сметал дека новата бугарска држава би ги почитувале правата на Македонците,[8] откако ги сфатил вистинските цели на Царството Бугарија тој се приклучува во народното ослободително движење и се членува во Комунистичката партија на Македонија. После војната, тој се пензионирал во Велес, и умрел во 1956 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 43. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Џочков, Јосиф (15 јануари 2017). „Крајот на стар Велес завршуваше со маало „Крајот". Дума.мк.
  3. Гигов, Страхил (1975). Сеќавања. Наша книга. стр. 23.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Најдовска, Јасминка (2006). Историја на секојдневниот живот во Велес меѓу двете светски војни (PDF). УКИМ. стр. 35–41.
  5. Роднина на Иван Крајничанец
  6. Роднина на Андон Шурков и Јордан Шурков.
  7. Зографски, Димче; Зографски, Тодор (1974). Komunistička partija Jugoslavije i Vnatresna makedonska revolucionerna organizacija (Obedinata) vo Vardarska Makedonija vo periodot 1920-1930. Институт за национална историја. стр. 32.
  8. "The army that had been greeted with such enthusiasm became an object of disgust." - Marshall Lee Miller: "Bulgaria During the Second World War," chapter "The Bulgarian occupation of Macedonia," Stanford University Press, pg. 123, 1975.