Пер Мертезакер
Пер Мертезакер (германски: Per Mertesacker) (роден на 29 септември 1984 во Хановер, Западна Германија) — Германски фудбалер кој игра за Арсенал и за фудбалската репрезентација на Германија.
Пер Мертезакер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден во | Хановер, Германија | ||
Висина | 200 см | ||
Позиција | Одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 4 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003–2006 | Хановер 96 | 74 | (7) |
2006-2011 | Вердер Бремен | 147 | (12) |
2011- | Арсенал | 149 | |
Репрезентација | |||
2007- | Германија | 104 | (4) |
Клупска кариера
уредиМертезакер своето прво деби го имал за младиот состав на Хановер, за подоцна да го има своето прво деби за првиот состав на Хановер. Мертезакер имаше несреќен старт бидејќи уште на самиот почеток го скрши својот и нос и си постигна авто-гол. Но кога сè се стабилизира, тој можеше да се смета како еден од најдобрите млади одбранбени играчи во Будеслигата. Неговата игра беше необично „чиста“, затоа што доби само 2 жолти картони на 74 натпревари, со тоа што регуларно ги неутрализираше противниците. Високиот Мертезакер наскоро беше наречен Одбрабен Столб (die Abwehrlatte) од Германските таблоиди. Во август 2006 тој направи трансфер кој беше вреден 5 милиони евра во Вердер, после добрата игра на Светското првенство во Германија, во кое Германија беше 3та.
Мертезакер го доби својот прв црвен картон во професионалната кариера на натпреварот против Штутгарт, во кој Вердер изгуби со 3-6.
На 21 јуни 2009, Мертезакер го продолжи својот договор со Вердер до 30 јуни 2012.
Интернационална кариера
уредиВо септември 2004, Јирген Клинсман го повика Мертезакер за натпреварот против Иран на 9 октомври 2004. На само 19 години Мертецакер стана еден од најмладите играчи коишто дебитирале за Германија. Со неговата мирна, но ефктивна игра, тој им парираше на Роберт Хут и Кристоф Мецелдер.
На Светското првенство во 2006 тој беше нападнат од Леонардо Куфре откако Германија победи со 4-2 на пенали. Тој доби мала повреда во колкот и удар од таа препирка. Откако Германија изгуби во полуфиналето од Италија Мертезакер изјави дека една од неговите нозе е повредена, но и дека не е од претходниот напад, туку се здобил со повреда на претходните натпревари и со тоа го пропуштил натпреварот за 3тото место
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уредиКлуб | Сезона | Бундеслига | ДФБ Куп | Европски натпреварувања | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | ||
Вердер Бремен | 2008-09 | 8 | 1 | 0 | 0 | 3 | 1 | 11 | 2 |
2007-08 | 32 | 1 | 2 | 0 | 7 | 0 | 41 | 1 | |
2006-07 | 25 | 2 | 0 | 0 | 10 | 2 | 35 | 4 | |
Вкупно | 65 | 4 | 2 | 0 | 18 | 2 | 85 | 6 | |
Хановер | 2005-06 | 30 | 5 | 3 | 0 | - | - | 33 | 5 |
2004-05 | 31 | 2 | 4 | 1 | - | - | 35 | 3 | |
2003-04 | 13 | 0 | 1 | 0 | - | - | 14 | 0 | |
Вкупно | 74 | 7 | 8 | 1 | 82 | 8 | |||
Вкупно во кариерата | 139 | 11 | 9 | 1 | 12 | 2 | 160 | 14 |
Белешки
уредиНадворешни врски
уреди- Лично мрежно место Архивирано на 14 август 2006 г. (германски)
- Профил на клупското мрежно место
- Статистика во кариерата на fussballdaten.de (германски)