Пат околу светот во 20 раскази
Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ — збирка раскази од повеќе странски автори, во издание на „Темплум“, објавена во 2011 година како 98 книга во рамките на едицијата „Магма“. Приредувач на книгата е Владимир Јанковски.
Технички одлики
уредиЗбирката е печатена во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 390 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-04-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Хорге Сантос (Jorge Santos), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на застапените автори. Книгата е објавена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Пат околу светот во 20 раскази“ содржи 20 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторите и попис на книгите објавени во едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Хорхе Луис Борхес, Песочната книга
- Јохан Борген, Пасош
- Дино Буцати, Девојката што паѓа
- Хулио Кортасар, Аксолотл
- Итало Калвино, Грофот Монтекристо
- Јукио Мишима, Патриотизам
- Ефраим Кишон, Само без скршнување
- Габриел Гарсија Маркес, Чудесното попладне на Балтазар
- Милан Кундера, Лажен автостоп
- Милорад Павиќ, Руски загар
- Славомир Мрожек, Паѓање
- Доналд Бартелми, Некои од нас долго му се закануваа на нашиот пријател Колби
- Јуриј Мамлеев, Домарот наспроти смртта
- Анри Гуго, Догледање Луси
- Рејмонд Карвер, Катедрала
- Људмила Петрушевска, Црниот капут
- Маргарет Етвуд, Изгрејсонце
- Бернхард Шлинк, Другиот
- Ијан Мекјуан, Прва љубов, последни ритуали
- Георги Господинов, Божури и незаборавки