Пасифаја
Пасифаја (грчки јазик|Πασιφάη) (латински јазик|Pasiphae) во старогрчката митологија била кралица на Крит и честопати била нарекувана божица на вештерството и волшебството. Таа е ќерка на Хелиј[1][2][3][4] и океанската нимфа[5] Персеида,[6][7][8] а била жена на критскиот крал Минос.[9]. Пасифаја е најпозната како мајка на Минотаур. Таа го зачнала Минотаур откако се парела со Критскиот бик додека била скриена во шуплива крава што ѝ ја направил атинскиот пронаоѓач Дедал; претходно Посејдон ја проколнал да се заљуби во бикот затоа што нејзиниот сопруг Минос не му го принел како жртва бикот на Посејдон како што претходно му ветил.

Фреска од Помпеја
Пасифајиното име на грчкиот јазик значи „она која се осветлува“.
Митологија
уредиПасифаја со кралот Минос имала четири сина - Деукалион,[10] Глаук, Андрогеј, Катреј - и две ќерки - Аријадна и Федра, а потоа се вљубила во светиот бел бик и родила чудовиште, полубик - ѕвездениот Астерион - Минотаур.
Пред да стане крал, Минос од богот Посејдон побарал некој знак дека тој, а не неговиот брат, ќе дојде на престолот на Крит. Посејдон ги слушнал молбите на Минос и како знак испратил бел бик, под услов Минос да га жртвува во негова чест. Преубавиот бел бик излегол од морето, а Минос, кога го здогледал толку прекрасен, одлучил да го измами Посејдон и жртвувал друг бик. Посејдон, кога ја видел измамата, се разбеснил и одлучил да го казни Минос така што направил Пасифаја, миносовата жена, лудо да се вљуби во бикот.
Пасифаја, во желба некако да се доближи до бикот, отишла до Дедал да и помогне и да смисли начин како таа да ја задоволи својата страст. Дедал смислил како да и помогне на Пасифаја. Направил дрвена крава во која се вовлекла и сокрила Пасифаја, па бикот така ја оплодил, а Пасифаја забременила и подоцна го родила чудовиштето - полубик и получовек - Минотаур.
Минотаур, додека бил дете, го одгледала Пасифаја, но како тој растел, така станувал се побесен и побесен, така што Дедал, по совет на Делфиската пророчица изградил лавиринт во кој би се држел Минотаур. Лавиринтот е изаграден под миносовата палата на Кносос.
Пасифаја, како нејзината внука Медеја ги познавала магичните својства на билките, а така ја претставувале и старите Грци. Аполодор во Библиотека наведува дека Пасифаја му фрлила магија за верност на Минос, така што тој, во своите вонбрачни средби со конкубините, ејакулирал змии и шкорпии и така ги убивал своите љубовници, а единствено Прокрида, бидејќи ја имала волшебната билка која ја штитела од Пасифајините волшепства, успејала долго да остане во врска со Минос.[11]
Во Талами, во континенталниот дел од Грција Пасифаја е почитувана како божица - пророчица, а Паусанија, кој ја изедначува Пасифаја со божицата на Месечината Селена, ја опишува бронзената скулптура на Пасифаја и Хелије. Цицерон, во „De natora Deorum“, запишал дека спартанските ефори, за да им се прикажат предвидувања кои би им помогналепри владеењето, спиеле покрај Пасифајиниот храм.
Наводи
уреди- ↑ Apollonius Rhodius, Argonautica 3.999
- ↑ Ovid, Metamorphoses 9.735
- ↑ Antoninus Liberalis, Metamorphoses 41
- ↑ Seneca, Phaedra 112
- ↑ Hesiod, Theogony 355
- ↑ Apollodorus, Library 1.9.1
- ↑ Gaius Julius Hyginus, Fabulae preface
- ↑ Cicero, De Natura Deorum 48.4
- ↑ Замаровски 1985, стр. 258.
- ↑ Hyginus, Fabulae 14
- ↑ Apollodorus, Bibliotheca 3.15.1
Литература
уреди- Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.